Свет

Најмалку 44 загинати, стотици исчезнати во пожар во Хонг Конг (ВИДЕО)

Најмалку 279 лица сè уште се водат како исчезнати, додека пожарникарите и спасувачките екипи почнуваат да пребаруваат некои од облакодерите. 45 лица се во критична состојба.

 

Најмалку 279 лица сè уште се водат како исчезнати, додека пожарникарите и спасувачките екипи почнуваат да пребаруваат некои од облакодерите. 45 лица се во критична состојба.

Повеќе од 900 луѓе се евакуирани во привремени засолништа, додека спасувачките напори продолжуваат. Полицијата уапси двајца директори и еден консултант од градежна компанија под сомнение за убиство од небрежност.
Следете ги случувањата на Индекс

По катастрофалниот пожар ,расположението во градот се менува од час во час. Првичниот шок и неверица се заменуваат со растечки гнев, а јавноста прашува кој е одговорен за трагедијата, пишува локалниот портал.

Бранот на незадоволство е особено видлив на социјалните мрежи, а гневот е дополнително поттикнат од изјавите на неколку жители кои открија дека не го слушнале противпожарниот аларм кога избувнал пожарот.

Покрај тоа, вестите за нивните жалби минатата година во врска со плановите за реновирање на зградата повторно почнаа масовно да се споделуваат онлајн.

Во меѓувреме, три лица се уапсени под сомнение за убиство од небрежност, а се огласи и лидерот на Хонг Конг, Џон Ли.

Тој нареди итни инспекции на сите станбени комплекси што се реновираат за да се провери безбедноста на скелињата и градежните материјали.

„Владата веднаш организираше инспекции на сите станбени комплекси што се подложени на големи реновирања низ Хонг Конг за да се провери безбедноста на скелињата и градежните материјали“, рече Ли.

Сè уште не е познато точно колку локации ќе бидат опфатени со инспекцијата. Хонг Конг е град со 7,5 милиони луѓе и е познат по една од највисоките концентрации на облакодери и високи згради во светот.

Најнови вести од: Свет

Граѓаните на Исланд се задоволни од статус кво, повеќе сакаат сами да ги решаваат своите проблеми

Желбата за национален суверенитет го надмина аргументот дека членството во ЕУ е неопходен бедем против геополитичката нестабилност и американскиот претседател, Доналд Трамп, наведува бриселскиот аналитички магазин „Еуроактив“ во денешната анализа и додава дека и покрај заканите на претседателот Трамп кон соседниот Гренланд, привлечноста за приклучување кон големиот блок не успеа да ги освои гласачите во малата арктичка нација далеку од континентална Европа.

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

To top