Свет

Напад врз централниот дел на Израел: Аларми во подрачјата каде што живее половина од населението

Сирени за воздушна опасност речиси без престан се активираат во централниот дел на Израел поради ракетни напади, јавуваат очевидци. Според првичните информации, ракетниот оган доаѓа од Иран или од движењето Хезболах од Либан, додека во неколку погодени подрачја се забележани столбови чад по ударите.

Станува збор за исклучително стратешка област во Израел, каде живеат околу 44 проценти од населението.

Во овој регион се наоѓаат и клучни државни и воени институции, меѓу кои меѓународниот аеродром „Бен Гурион“, неколку воени бази, Министерството за одбрана, како и седиштето на израелската разузнавачка служба Мосад.

Израелските власти засега не објавиле официјални детали за нападите, бидејќи информациите сè уште не се одобрени за објавување од воената цензура. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Свет

Би-Би-СИ: Трамп оствари делумна победа, но по која цена

Многу американски цели остануваат сомнителни, како што е судбината на иранскиот збогатен ураниум. Иран, исто така, продолжува да има влијание врз регионалните сојузници, како што се бунтовниците Хути во Јемен. Дури и ако Техеран целосно го отвори Ормускиот теснец, неговата способност да ја контролира таа клучна точка сега е појасна од кога било.

To top