Свет

Не е само да победиш: Австрија на маки од каде пари за следната „Евровизија“

  Откако 24-годишниот Џеј Џеј ѝ ја донесе третата победа на „Евровизија“ на Австрија со песната „Потрошена љубов“ се отвори расправа каде да се најдат пари за организација на настанот, која се проценува на десетици милиони евра. Запрашан како ќе се покријат трошоците за организација, шефот на националниот радиодифузер ОРФ Роланд Вајсман одговори: „Доколку имав […]

 

Откако 24-годишниот Џеј Џеј ѝ ја донесе третата победа на „Евровизија“ на Австрија со песната „Потрошена љубов“ се отвори расправа каде да се најдат пари за организација на настанот, која се проценува на десетици милиони евра.

Запрашан како ќе се покријат трошоците за организација, шефот на националниот радиодифузер ОРФ Роланд Вајсман одговори:

„Доколку имав совршен одговор денеска, тоа ќе беше малку како вештерство. Но, откако во деновите пред финалето стана јасно дека имаме шанси да победиме, почнавме да размислуваме за тоа. Ние сме во интензивни разговори со австриските власти“.

Тој додаде дека ќе има „транспарентен процес“ за избор на градот-домаќин на натпреварувањето.

Виена беше домаќин пред десет години по победата на Кончита Вурст, но Вајсман кажа дека и други места пројавиле интерес.

Џеј Џеј, чие вистинско име е Јоханес Пич, кажа дека би сакал настанот да се одржи во Виена, неговиот роден град. Тој исто така му рекол на ОРФ дека би сакал да биде водител. (СДК)

Најнови вести од: Свет

ММФ предупредува: Конфликтот со Иран ја засилува инфлацијата и ги нарушува глобалните синџири на снабдување

Не е веќе прашање дали војната на Блискиот Исток ќе ја погоди светската економија, туку колку длабоко и колку долго. Најновата анализа на Меѓународниот монетарен фонд, објавена на 30 март и потпишана и од главниот економист Пјер-Оливие Гуринша, испраќа една јасна порака: ако кризата во Заливот продолжи да ги нарушува испораките на нафта, гас и ѓубрива, светот ќе се соочи со повисоки цени и побавен раст. Фондот предупредува дека шокот е глобален, но нема да биде еднакво распределен, најсилно ќе ги погоди земјите што зависат од увоз на енергија, сиромашните економии и државите со слаб фискален простор.

Рубио: НАТО ќе мора да се преиспита по војната со Иран

Американскиот државен секретар Марко Рубио остро ги критикуваше Шпанија и дел од другите сојузници во НАТО поради ограничената поддршка во војната против Иран, сугерирајќи дека Вашингтон по завршувањето на конфликтот можеби ќе ја преоцени својата улога во Алијансата.

To top