Свет

Нема нозе на седишта, јадење и фрлање отпадоци во јавниот превоз

Сингапур воведува казни за „валкање на кој било дел од автобусот, автобуската постојка или терминалот“

Патниците во автобусите во Сингапур би можеле да се соочат со парични казни од речиси 400 американски долари доколку ги креваат нозете на седиштата, пуштаат гласна музика, јадат, пијат или фрлаат отпадоци во автобусот. За посериозни прекршоци – како што се вознемирување или загрозување на другите патници на автобуските терминали, или „валкање на кој било дел од автобусот, автобуската постојка или терминалот“ – ќе се изрекуваат казни до 5.000 долари.

„Ова ќе придонесе за побезбедна, попријатна и пообѕирна средина во јавниот превоз за сите“, соопштија од Управата за копнен транспорт (LTA). Новите прописи, објавени претходно оваа недела, се усогласени со постоечките правила што важат за железничката мрежа (MRT) во Сингапур.

Иако одамна постоеја казни за патниците фатени како јадат во јавниот превоз, возачите можеа само да побараат од патниците да излезат од возилото.

Таквите постапки сега станаа официјални законски прекршоци за кои се изрекуваат моментални казни, а нивното спроведување ќе го вршат инспектори или персонал на терминалите; во одредени случаи, возачите исто така ќе можат да побараат полициска интервенција.

Најнови вести од: Свет

Родители во САД го тужат Гугл: „Нашата 13-годишна ќерка Ема планираше самоубиство со помош на вештачка интелигенција!“

Родители на 13-годишно девојче го тужат Гугл, тврдејќи дека нивната ќерка ја користеше технологијата за вештачка интелигенција на компанијата, преку училиштен компјутер, за да испланира самоубиство и сопствен погреб. Тужбата, поднесена во понеделникот, на 2 ноември, пред суд во Калифорнија, се смета за прв случај во кој Гугл се обвинува за невнимание во врска со функциите за пребарување базирани на вештачка интелигенција, кои се достапни на училишните уреди „Chromebook“, пишува Euronews.

To top