Џо Кент, кој го водеше Националниот центар за борба против тероризмот и беше близок соработник на директорката за разузнавање Тулси Габард, стана првиот висок функционер во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп што поднесе оставка поради војната во Иран.
„По долго размислување, решив да поднесам оставка од мојата позиција како директор на Националниот центар за борба против тероризмот, со стапување на сила од денес. Не можам со чиста совест да ја поддржам тековната војна во Иран. Иран не претставуваше непосредна закана за нашата држава и јасно е дека ја започнавме оваа војна поради притисок од Израел и неговото моќно американско лоби“, ја образложи Кент својата оствака во писмото до Трамп, кој го именува на позицијата во февруари минатата година.
Дополнително, Кент тврди дека високи израелски функционери и влијателни американски новинари ширеле дезинформации што го навеле Трамп да ја поткопа неговата платформа „Америка на прво место“.
„Ова ехо беше искористено за да ве заведе дека Иран претставува непосредна закана за Соединетите Американски Држави. Ова беше лага“, продолжува 45-годишникот во писмото до претседателот.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, објави долга изјава во која го отфрла тврдењето на Кент дека Иран не претставува непосредна закана, нарекувајќи ја идејата дека Израел го поттикнал претседателот Трамп на акција „навредлива и смешна“.
Прашан за оставката на Кент, Трамп рече дека тој е „фино момче“, но „слаб во безбедноста“.
Кент служеше во специјалните сили на армијата и како паравоен офицер на ЦИА, пред двапати неуспешно да се кандидира за Конгресот како републиканец во сојуз со Трамп.
Демократите се спротивставија на неговото назначување, наведувајќи ги неговите врски со крајно десничарски личности, неговото прифаќање на теории на заговор за 6 јануари и наводниот обид да влијае врз извештајот на разузнавањето на Венецуела.
Тејлор Будович, советник на Трамп и поранешен заменик-шеф на кабинетот на Белата куќа, го нарече Кент „луд егоманијак“ кој „само сакаше да направи шмек пред да биде отпуштен“.
Висок функционер на Белата куќа рече дека Кент е осомничен дека е „тастер“ и оти бил исклучен од брифинзите со претседателот. Изворот, исто така, рече дека функционерите на Белата куќа постојано ѝ велеа на Габард да ја отпушти Кент, но таа одби.
Канцеларијата на директорот на Националното разузнавање не одговори веднаш на барањата за коментар.
🇺🇸 Director of National Counterterrorism Joe Kent has resigned his position in protest of the Iran War:
"I cannot in good conscience support the ongoing war in Iran. Iran posed no imminent threat to our nation, and it is clear that we started this war due to pressure from Israel… pic.twitter.com/Dhb6nWt7Qo
— Europa.com (@europa) March 17, 2026