Свет

Непалски шерпас по 31 пат го освои Монт Еверест

Непалскиот шерпас Ками Рита го освои Еверест по 31-ви пат, подобрувајќи го сопствениот рекорд за најмногу искачувања на највисокиот врв во светот, објави Асошиејтед Прес. Ками Рита, 55, ѝ помогна на група алпинисти да се искачат на Еверест претходно оваа недела. Тој направи две успешни искачувања во 2024 година. 55-годишниот Ками Рита првпат се искачи […]

Непалскиот шерпас Ками Рита го освои Еверест по 31-ви пат, подобрувајќи го сопствениот рекорд за најмногу искачувања на највисокиот врв во светот, објави Асошиејтед Прес.

Ками Рита, 55, ѝ помогна на група алпинисти да се искачат на Еверест претходно оваа недела. Тој направи две успешни искачувања во 2024 година.

55-годишниот Ками Рита првпат се искачи на Еверест во 1994 година.

Оттогаш го прави ова речиси секоја година.

Тој е еден од многуте шерпаси водичи чие искуство и вештини се од витално значење за безбедноста и успехот на странските алпинисти кои се стремат да застанат на врвот на планината висока 8.849 метри.

Еверест првпат беше освоен во 1953 година од Новозеланѓанецот Едмунд Хилари и непалскиот шерпас Тензинг Норгај.

Најнови вести од: Свет

Новиот врховен лидер на Иран има тешки повреди на лицето и нозете

Локацијата, состојбата и способноста на Хамнеи да владее сè уште во голема мера остануваат мистерија за јавноста, без објавена фотографија, видео или аудио снимка од него по воздушниот напад и неговото последователно назначување за замена на неговиот татко на 8 март

To top