Свет

Смртоносниот вирус „Нипах“му се заканува на светот,за кој нема лек, ниту вакцина! Во Индија пет заразени, а 100 во карантин!

Индиските здравствени власти се во вонреден режим во обид да ја сопрат новата епидемија на вирусот „Нипах“– опасна зооноза што се пренесува од лилјаци на луѓе и има стапка на смртност меѓу 40 и 75 проценти. Според најновите информации, потврдени се пет случаи на инфекција во областа околу Калкута, додека речиси 100 лица се ставени под здравствен надзор поради можен контакт со заразени, објавуваат локалните медиуми.

Вирусот „Нипах“, кој Светската здравствена организација го класифицира како приоритетен патоген со висок епидемиски потенцијал, првпат бил идентификуван во 1999 година во Малезија и Сингапур. Оттогаш, периодично предизвикува епидемии во Јужна и Источна Азија, особено во Индија и Бангладеш. Во Индија, случаи на вирусот Нипа се регистрираат речиси секоја година повеќе од две децении, со тешки епидемии во државата Керала од 2018 година наваму.

Најновата епидемија започнала во приватната мултиспецијалистичка болница „Нарајана“ во Барасат, околу 25 километри северно од Калкута. Првите заразени се двајца здравствени работници – медицинска сестра и лабораториски техничар. Медицинската сестра се наоѓа во критична состојба и во кома. Во изминатата недела потврдени се уште три случаи, меѓу кои и еден лекар.

Симптомите на инфекцијата започнуваат со треска, главоболка, болки во мускулите и повраќање, но брзо можат да преминат во тешка пневмонија или воспаление на мозокот. Во најтешките случаи, пациентите паѓаат во кома во рок од 24 до 48 часа. Во моментов не постои специфичен лек ниту одобрена вакцина против вирусот Нипа.

Преносот најчесто се случува преку контаминирана храна, особено суров сок од палма кој може да биде загаден од овошни лилјаци. Можен е и директен пренос од заразени животни, како и од човек на човек, најчесто во болнички услови.

Индиските власти спроведуваат интензивно следење на контактите. Тестирани се околу 180 лица, а дваесет контакти со висок ризик се ставени во строг карантин. Здравствените тимови работат на локализирање на жариштето и спречување на понатамошно ширење.

Експертите предупредуваат дека вирусот Нипа претставува сериозна глобална закана поради високата смртност и можноста за меѓучовечко пренесување. Главен природен резервоар се овошните лилјаци, а ризикот се зголемува со растечкиот контакт меѓу луѓето и дивите животни.

СЗО и меѓународните здравствени организации со години повикуваат на забрзан развој на вакцини и терапии. Неколку кандидати за вакцини се во клиничка фаза, но сè уште нема решение за широка употреба.

Додека Индија се обидува да ја стави епидемијата под контрола, граѓаните се предупредуваат да избегнуваат контакт со лилјаци, консумирање суров палмин сок и движење во подрачја каде се пријавени случаи. Стравувањата од пошироко ширење остануваат, бидејќи вирусот Нипа и натаму важи за еден од најопасните познати патогени без ефикасен лек.

Најнови вести од: Свет

ЕУ знае како да возврати удар на царините на САД кои предизвикаа бура реакции

Трамп ја потпиша наредбата, која треба да стапи на сила на 24 февруари за 150 дена, а со која се наметнуваат „глобални“ царини од 10 проценти, кои тој во саботата објави дека ќе ги зголеми на 15 проценти, со ретки исклучоци за фармацевтски производи и увоз опфатени со договорот меѓу САД, Мексико и Канада, пренесуваат светските медиуми.

Трамп потпиша глобална царина од 10% откако Врховниот суд ги поништи царините како неуставни

Конгресната истражувачка служба, која обезбедува законодавни истражувања и анализи за законодавците, објасни: „Член 122 од Законот за трговија од 1974 година му наложува на претседателот да преземе мерки што може да вклучуваат привремена царина кога тоа е неопходно за справување со ‘големи и сериозни дефицити во платниот биланс на САД или одредени други ситуации што претставуваат ‘фундаментални проблеми во меѓународните плаќања’.

To top