Свет

Од ЕУ го подучуваат Зеленски: Не потпишувај ништо

„Постои можност САД да ја предадат Украина“, редупредува Макрон, додавајќи дека Зеленски е во „голема опасност“

facebook.com/zelenskyy.official

Европските лидери тајно го советуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски да биде претпазлив во врска со напорите на САД за постигнување мировен договор со Русија.

Клучното предупредување е: не попуштајте пред руските барања без цврсти и јасно дефинирани безбедносни гаранции од Вашингтон, објавува „Волстрит џурнал“.

Пораката, според весникот, ја одразува растечката претпазливост кај европските лидери во врска со преговорите што Вашингтон ги води без нив, оставајќи ги настрана.

Според двајца европски дипломати запознаени со ситуацијата, на Зеленски му е советувано да инсистира на јасна дефиниција на улогата на Америка во безбедносните гаранции пред да се согласи со какви било руски услови.

Предупредувањето беше пренесено за време на телефонски разговор во кој учествуваа францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Тие инсистираа дека Соединетите Американски Држави мора да играат примарна улога во гаранциите што ѝ се нудат на Украина во кој било договор.

Во Киев, како и во другите европски престолнини, расте загриженоста дека Вашингтон не прецизирал што ќе стори ако Русија прекрши потенцијален мировен договор и повторно ја нападне Украина. Белата куќа сè уште не одговорила на барањето за коментар.

Најновите предупредувања се уште еден пример за обидот на Европа да се вклучи во мировните преговори што САД ги водат директно со Кремљ и Киев, во голема мера без учество на своите европски сојузници. Минатиот месец, Европа и Украина инсистираа на промени за подобрување на условите за Киев во мировниот план меѓу САД и Унгарија.

Според дипломатите, Макрон нагласил за време на разговорите дека Вашингтон мора да испрати јасна порака: „САД мора јасно да објаснат како ќе ја заштитат Украина пред Киев да се согласи со конечните услови на договорот“.

Макрон, исто така, предупреди на можноста за предавство од САД. „Постои можност САД да ја предадат Украина“, рече францускиот претседател, додавајќи дека Зеленски е во „голема опасност“. Прашањето за руските барања за територијални отстапки е една од најчувствителните точки во преговорите.

Германскиот канцелар Мерц му рече на Зеленски дека мора да биде „многу внимателен“ во наредните денови. „Тие си играат со вас и со нас“, рече Мерц, веројатно мислејќи на двајцата американски преговарачи – магнатот за недвижности Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп.

Најнови вести од: Свет

Ердоган: Со својата апокалиптична агенда Израел нè турка во катастрофа, светот мора да го разбере ова варварство и лудило

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Израел е предводен од мрежа, која се смета себеси за супериорна во однос на другите и дека постепено и свесно го влече регионот кон целосна катастрофа.

„Досетлива“ српско-хрватска двојка продавала во Унгарија седативи за коњи како дрога!

Легален бизнис со коњи бил користен како прикритие за продажба на ветеринарен лек-седатив за коњи со кетамин на црниот пазар, но како дрога наменета за луѓе. По апсењето на мажот, во шемата се вклучила и неговата сопруга. Обвинителството во Будимпешта поднесе обвиненија и предложи затворска казна против оваа двојка, државјани на Србија и Хрватска. Според обвинението, 41-годишниот маж водел пансион за коњи и се натпреварувал со коњи. Покрај тоа, од 2019 година, тој редовно продавал ветеринарни лекови што го содржат седативнот кетамин во големи количини.

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна перспектива за ЕУ

Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон членството во Европската Унија. Веруваме дека земјата заслужува јасна ЕУ-перспектива, порача хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по синоќешната средба со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во Брисел. Пленковиќ на својот налог на „Икс“ објави дека со Мицкоски размениле мислења за актуелните глобални случувања. „Мило ми […]

Трамп се закани дека ќе „разнесе“ иранско гасно поле, Иран најави одмазда врз постројките на соседите

Како резултат на заканите по енергетската инфраструктура на Блискиот Исток, цените на нафтата на светските пазари вчера повторно скокнаа, достигнувајќи 110 американски долари за барел

To top