Свет

Од замрзнати средства до Арктик: Еве зошто Трамп инсистира за мир со Москва

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за мир во Украина вклучува предлози за враќање на руските енергетски текови кон Европа, големи американски инвестиции во руски минерали и енергија од ретки земји, како и користење на замрзнатите руски државни средства, објави „Волстрит џурнал“.

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за мир во Украина вклучува предлози за враќање на руските енергетски текови кон Европа, големи американски инвестиции во руски минерали и енергија од ретки земјени метали, како и користење на замрзнатите руски државни средства, објави „Волстрит џурнал“.

Весникот наведува дека предлозите се детално опишани во додатоците на мировниот план доставен до европските колеги во последните недели.

Тие вклучуваат план американските финансиски фирми и други компании да користат 200 милијарди долари замрзнати руски државни средства за проекти во Украина, вклучувајќи и огромен нов центар за податоци напојуван од нуклеарната централа „Запорожје“, која сега е под контрола на руските сили, објави весникот.

Американските компании би инвестирале во стратешки руски сектори како што се рударството на ретки земји и дупчењето на нафта во Арктикот, додека истовремено би ги вратиле руските енергетски текови кон Западна Европа и светот, додаде весникот.

Весникот наведува дека неидентификуван европски функционер ги споредил предложените енергетски договори меѓу САД и Русија со економска верзија на конференцијата во Јалта од 1945 година.

На тој состанок, победниците во Втората светска војна – Советскиот Сојуз, САД и Велика Британија – ги поделија своите сфери на интерес во Европа.

Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.

Најнови вести од: Свет

Помалку кондоми, кеси за ѓубре и медицински материјал – Нафтената криза се претвора во криза на сè

Притисокот сега се шири на сите делови од потрошувачкиот пазар, при што цените на материјалите како што се пластика, гума и полиестер растат. Последиците се најочигледни во Азија, која сочинува повеќе од половина од светското производство и е во голема мера зависна од увезената нафта и други суровини.

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

To top