Свет

Oдобрeн планот на Нетанјаху за освојување на Газа

Во одлуката не се користел зборот „окупација“, туку „преземање“, поради правни причини поврзани со одговорноста на Израел за цивилните прашања во Газа

 

 

Израеллскиот Кабинет за безбедност изминатата ноќ го одобри предлогот на премиерот Бенјамин Нетанјаху за преземање на густо населениот град Газа, пренесува Тајмс оф Израел. 

Предлогот на премиерот помина и покрај предупредувањата од Израелските одбранбени сили (ИДФ) дека операцијата ги ризикува животите на преостанатите заложници, покрај тоа што потенцијално може да предизвика хуманитарна катастрофа.

Пред да се состане кабинетот за безбедност,  Нетанјаху изјави за Фокс њуз дека негова намера е целосно преземање на градот Газа.

Според соопштението од кабинетот на Нетанјаху, усвоениот предлог има за цел „поразување на Хамас“, што значи дека може да има последователни операции надвор од онаа за Газа што беа одобрени, а не објавени.

Во одлуката не се користел зборот „окупација“, туку „преземање“, поради правни причини поврзани со одговорноста на Израел за цивилните прашања во Газа, според новинската страница Ynet.

Сепак, медиумот, повикувајќи се на неименуван висок израелски функционер, додаде дека оваа разлика е површна и дека одлуката всушност се однесува на целосна воена власт.

Во соопштението од канцеларијата на Нетанјаху се истакнува дека мнозинството членови на кабинетот поддржале список од пет принципи што Израел ќе бара да бидат исполнети пред да се согласи да ја заврши војната со Хамас:

(1) Разоружување на терористичката група;

(2) враќање на сите 50 преостанати заложници – од кои се верува дека 20 се живи;

(3) демилитаризација на Појасот Газа;

(4) израелска безбедносна контрола врз Појасот Газа; и

(5) постоење на алтернативна цивилна влада која не е Хамас или Палестинската самоуправа.

Израел тврди дека моментално контролира 75 проценти од Појасот Газа, додека ИДФ во голема мера избегнува да влегува во преостанатите 25% – кои главно го сочинуваат градот Газа и бегалските кампови во централна Газа – поради верувањето дека повеќето од заложниците се држат таму.

Речиси сите 2 милиони граѓани на Газа моментално се наоѓаат во четвртиот дел од Појасот што ИДФ не го контролира.

Хамас се закани дека ќе ги погуби заложниците ако неговите оперативци откријат дека израелските трупи се приближуваат…

Најнови вести од: Свет

Стапија на сила глобалните царини на Доналд Трамп

Новите глобални царини на Доналд Трамп од 10% стапија во сила денеска, но со помала стапка од најавеното. Откако Врховниот суд во петокот блокираше повеќето од неговите царини, Трамп објави дека ќе воведе нова глобална царина од 10%, за потоа да ја зголеми на 15%. Сепак, според официјалните документи, царините се утврдени по пониска стапка, без издадена наредба за нејзино зголемување.

Европскиот парламент го суспендираше трговскиот договор меѓу ЕУ и САД

Европскиот парламент го суспендираше трговскиот договор ЕУ – САД по одлуката на Врховниот суд на САД и новите царини најавени од Доналд Трамп. Брисел бара правна јасност и гаранции. Преговарачите на Европскиот парламент утрово покренаа постапка за суспензија на трговскиот договор меѓу Европската унија и Соединетите Американски Држави, откако одлуката на Врховниот суд на САД ја доведе во прашање правната основа на договорот од 2025 година.

To top