Свет

Охриѓанец убил мајка со бебе во Швајцарија

А.Т., роден во 1982 година, иако пријавен како бугарски државјанин во Швајцарија, има македонско потекло.

 

Триесет годишна Македонка и нејзиното шестнеделно бебе биле брутално убиени од нејзиниот сопруг, 43-годишен маж со потекло од Охрид, кој во Швајцарија престојувал со бугарски пасош, пренесуваат швајцарските и македонските медиуми.

Убиство минатата сабота го потресе швајцарскиот град Живисие.

Според швајцарскиот портал „20min.ch“, околу 16:45 часот во саботата, Кантоналната полиција во Фрајбур добила пријава дека во семеен стан се пронајдени тела на жена и бебе. Истите биле прогласени за мртви на лице место. Осомничениот сопруг, кој исто така се наоѓал во станот, наводно се обидел да си го одземе животот, при што се здобил со полесни телесни повреди и бил пренесен во болница под полициска придружба.

Јавното обвинителство на кантонот Фрајбур отвори истрага за двојно убиство со умисла. Од првичните информации се дознава дека осомничениот А.Т. го признал убиството на сопругата. Телата на М.Т., родена во 1995 година, и нивното бебе Д.Т., родено годинава, биле пронајдени во станот во кој живееле.

Од македонското Министерството за надворешни работи потврдија информацијата и информираа дека македонската амбасада во Берн била известена од швајцарските органи на 5 јули во 17:00 часот за случајот. Според податоците, сите три лица – мајката, бебето и таткото биле пронајдени во станот, а само таткото го преживеал инцидентот.

МНР истакнува дека А.Т., роден во 1982 година, иако пријавен како бугарски државјанин во Швајцарија, има македонско потекло.

Амбасадата во Берн е во континуирана комуникација со швајцарските власти и со блиски роднини на жртвите, и ќе продолжи да обезбедува поддршка согласно своите надлежности.

 

Најнови вести од: Свет

Хрватска: Калуѓерката лажела дека била напднта со нож од мигрант

Обвинителството бара казна од 10 месеци затвор за калуѓерката Т.З. (35), условна казна од три години, откако е обвинета за лажно пријавување кривично дело, бидејќи поднела кривична пријава против непознат напаѓач иако самата нанела повреди со нож

Урсула фон дер Лајен пред ЕП: Спремна сум да напредувам дури и без согласност на сите 27 членки

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во обраќањето пред Европскиот парламент во Стразбур ја истакна потребата од итно поедноставување и интеграција на пазарот на капитал во Европската Унија, со цел да се намали фрагментацијата и да се зајакне конкурентноста на европските компании во глобалниот контекст.

Најмалку девет убиени и 25 ранети во масовно пукање во училиште во Канада

Осомничениот напаѓач бил пронајден мртов по „самонанесена повреда“, соопшти полицијата. Според неофицијални податоци се работи за жена со кафеава коса облечена во фустан

Осомничениот беше опишан како жена со кафеава коса облечена во фустан

Макрон: Европа треба да се подготви за понатамошни судири со САД, кој се стреми кон распад на ЕУ!

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европа треба да се подготви за понатамошни судири со САД и оти неодамнешниот „гренландски момент“ треба да се сфати како повик за будење за спроведување на долго одложуваните економски реформи и зајакнување на глобалната моќ на Европската унија. Макрон оцени дека администрацијата на Трамп е „отворено антиевропска“ и оти се стреми кон „распаѓање“ на ЕУ.

Трамп со нова закана до Канада: Нема да дозволам да ја искористат Америка!

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го попречи отворањето на новиот мост што ги спојува Соединетите Американски Држави и Канада, сè додека Вашингтон не добие „целосна компензација“ за сите штети што му ги нанел северниот сосед.

To top