Свет

Орбан: Бајката дека Европејците ја финансираат војната со руски пари е завршена

Унгарскиот премиер вели дека европската поддршка за Украина е целосно на товар на населението во Европа, а не на руските средства

 

Премиерот Орбан изложи контроверзна визија за иднината на Украина, сугерирајќи дека по војната Украина првенствено треба да биде тампон-држава помеѓу Русија и НАТО.

Во изјава за неделното издание на „Ди Велт“, објавено вчера, Орбан рече дека територијалните отстапки кон Русија би биле неизбежни.

Тој зборуваше за повоено решение во кое областите договорени на меѓународната мировна конференција ќе останат под руска контрола, а сите области западно од таа линија, до источната граница на Украина со НАТО, би претставувале намалена украинска држава.

Тој исто така рече дека е време да се заборават илузиите и да се соочиме со реалноста: дека одложувањето на договорот ќе биде од корист за Русија, а не за Украина, што ќе резултира со понатамошно губење на територија и животи.

Орбан вели според американскиот план, Русија постепено ќе се реинтегрира во глобалната економија и дека санкциите ќе бидат укинати со текот на времето.

Покрај тоа, замрзнатите средства ќе се користат за воспоставување американско-руски инвестициски фонд и ќе се обнови економската соработка.

Најнови вести од: Свет

ЕУ знае како да возврати удар на царините на САД кои предизвикаа бура реакции

Трамп ја потпиша наредбата, која треба да стапи на сила на 24 февруари за 150 дена, а со која се наметнуваат „глобални“ царини од 10 проценти, кои тој во саботата објави дека ќе ги зголеми на 15 проценти, со ретки исклучоци за фармацевтски производи и увоз опфатени со договорот меѓу САД, Мексико и Канада, пренесуваат светските медиуми.

Трамп потпиша глобална царина од 10% откако Врховниот суд ги поништи царините како неуставни

Конгресната истражувачка служба, која обезбедува законодавни истражувања и анализи за законодавците, објасни: „Член 122 од Законот за трговија од 1974 година му наложува на претседателот да преземе мерки што може да вклучуваат привремена царина кога тоа е неопходно за справување со ‘големи и сериозни дефицити во платниот биланс на САД или одредени други ситуации што претставуваат ‘фундаментални проблеми во меѓународните плаќања’.

To top