Свет

Орбан: Четири земји не сакаат да го видат Зеленски на Самитот на НАТО

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави  дека Унгарија, Словачка, САД и Турција не сакаат да го видат претседателот Володимир Зеленски на самитот на НАТО во Холандија. Орбан за „Маџар Немзет“ го конентираше отсуството на Зеленски од состанокот зад затворени врати на лидерите на Алијансата како јасен сигнал. Тој вели дека во национален интерес на неговата земја […]

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави  дека Унгарија, Словачка, САД и Турција не сакаат да го видат претседателот Володимир Зеленски на самитот на НАТО во Холандија.

Орбан за „Маџар Немзет“ го конентираше отсуството на Зеленски од состанокот зад затворени врати на лидерите на Алијансата како јасен сигнал.

Тој вели дека во национален интерес на неговата земја е да не биде дел од никаква  заедница со Украина.

„Унгарија не сака да биде членка на никаква асоцијација со Украина – ниту на НАТО ниту на Европската Унија“, додаде тој.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски бил присутен на заедничката фотографија на лидерите, која била направена пред состанокот.

Според западни медиуми, Зеленски бил поканет на официјален прием за лидерите, но неговото учество на главната сесија со сите шефови на држави на НАТО не е планирано.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, инсистираше во понеделник дека Украина ќе остане витална тема на Самитот на алијансата и покрај отсуството на претседателот Володимир Зеленски од состанокот на лидерите.
Главна цел на самитот е да се постигне договор за зголемување на воените трошоци на земјите членки на Алијансата, јави АФП.

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

To top