Свет

Орбан: Времето работи за Русија, Зеленски направи грешки

„Украинците го избраа. Секогаш се трудам да се однесувам правилно, што е неопходно ако сакате да имате добри односи со некого“, вели Орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за полскиот телевизиски канал wPolsce24 изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски направил грешка кога не го послушал неговиот предлог за мир минатата година.

„Зеленски потоа го отфрли моето мислење дека времето е на страната на Русија, но денес го имаме она што го имаме.

Ситуацијата на претседателот Зеленски не е лесна. Многу е тешко да се обединат луѓето во безнадежна војна“, тврди Орбан.

Тој го нарече конфликтот во Украина „војна меѓу Западот и Русија“ и верува дека војната нема да заврши без средба меѓу лидерите на двете спротивставени страни, американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

Орбан нагласи дека се води од принципот на почит во меѓународните односи, кој важи и за Украина и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Украинците го избраа. Секогаш се трудам да се однесувам правилно, што е неопходно ако сакате да имате добри односи со некого. Затоа го почитувам претседателот Зеленски, но мислам дека направи грешки“, додаде унгарскиот премиер.

Инаку, односите меѓу Киев и Будимпешта се напнати во последните месеци. Унгарија го блокира почетокот на преговорите за пристапување на Украина во Европската Унија.

Покрај тоа, новиот нацрт-буџет на ЕУ предизвика негодување во Унгарија. Главниот проблем за Унгарците е што буџетот вклучува над 100 милијарди евра за Украина.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top