По стапувањето на должност на новата словенечка влада предводена од Јанез Јанша, палестинското знаме беше отстрането од владината зграда, додека во исто време Израел најави отворање амбасада во Љубљана.
За Тел Авив , промената на владата означува ново поглавје во билатералните односи, што предизвика остри политички реакции.
Отстранувањето на палестинското знаме од зградата на владата, кое сега се вее заедно со словенечкото знаме, како и со знамињата на ЕУ и Украина, беше остро критикувано од поранешниот премиер Роберт Голоб.
„Првиот потег на новата влада зборува погласно од илјада зборови“, рече тој.
„Еве нè. Словенија се постави на срамната страна на историјата“, рече тој, истакнувајќи дека новата влада положи заклетва и го отстрани знамето точно на втората годишнина од признавањето на Палестина од страна на Словенија, што го нарече „тажна случајност“.
Голоб изјави дека знамето не е кренато „само за Палестинците, туку и за правда, достоинство, сочувство, човечност и мир“. Тој рече дека неговата влада е принципиелна и покажала дека нема двојни стандарди со прикажувањето на украинското и палестинското знаме.
Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар ја поздрави промената на владата:
„Откако словенечкиот парламент ја потврди новата влада предводена од Јанез Јанша, вечерва ја објавив одлуката за отворање на првата израелска амбасада во Љубљана“, објави тој денес на социјалната мрежа X. Тој додаде дека му наложил на генералниот директор на министерството, Еден Бар-Тал, брзо и ефикасно да ги започне сите потребни процеси за основање на амбасадата и избор на амбасадор.
„Јанез Јанша е истакнат пријател на Израел, а неговиот избор создава единствена можност за подобрување на односите меѓу нашите земји, кои беа на најниско ниво во последните години поради непријателството на претходната влада во Љубљана“, рече Саар, критикувајќи го кабинетот на Роберт Голоб.
Today, I am proud to announce that Israel will open its first-ever embassy in Ljubljana.
The election of Prime Minister @JJansaSDS marks a new chapter in relations between Israel and Slovenia. After years of the hostility of the previous government- we now have an opportunity to…
— Gideon Sa’ar | גדעון סער (@gidonsaar) June 4, 2026