Свет

Патка фатена на радар – летала пребрзо во зона каде е дозволена брзина од 30 км/ч

Полицијата во градот Кониз, во близина на Берн, беше шокирана кога, додека при прегледување на радарските снимки откри дека меѓу прекршителите откриени од системот за контрола на брзината на сообраќајот е и – дива патка. Општинските власти на својата Фејсбук страница објавија дека во зона со ограничување на брзината од 30 километри на час, дива […]

Полицијата во градот Кониз, во близина на Берн, беше шокирана кога, додека при прегледување на радарските снимки откри дека меѓу прекршителите откриени од системот за контрола на брзината на сообраќајот е и – дива патка.

Општинските власти на својата Фејсбук страница објавија дека во зона со ограничување на брзината од 30 километри на час, дива патка летала со брзина од 52 км/ч.

Весникот „Бернер Цајтунг“ потсети дека пред седум години, на истиот датум и на истото место, дива патка била снимена како ја пречекорува дозволената брзина, а властите се прашуваат дали станува збор за измама, односно дали сликата е монтирана?

Полицијата категорично го отфрла ова сомневање и тврди дека е невозможно да се манипулира ниту со фотографиите ниту со радарскиот систем.

Швајцарскиот федерален институт за метеорологија го проверува радарскиот систем секоја година, а сите фотографии се чуваат и запечатуваат, што ги прави невозможни за манипулирање.

Најнови вести од: Свет

Родители во САД го тужат Гугл: „Нашата 13-годишна ќерка Ема планираше самоубиство со помош на вештачка интелигенција!“

Родители на 13-годишно девојче го тужат Гугл, тврдејќи дека нивната ќерка ја користеше технологијата за вештачка интелигенција на компанијата, преку училиштен компјутер, за да испланира самоубиство и сопствен погреб. Тужбата, поднесена во понеделникот, на 2 ноември, пред суд во Калифорнија, се смета за прв случај во кој Гугл се обвинува за невнимание во врска со функциите за пребарување базирани на вештачка интелигенција, кои се достапни на училишните уреди „Chromebook“, пишува Euronews.

To top