Свет

Пет години немало инспекција во барот во кој изгореа 40 лица

Градоначалникот на Кран-Монтана, Николас Феро, потврди дека барот „Ле Констелашн“ немал никакви безбедносни проверки, истраги или ревизии во последните пет години

 

Трагедијата во Ле Констелашн во одморалиштето Кран-Монтана уби 40 лица, а 116 беа повредени. Властите, исто така, објавија и моментална забрана за употреба на прскалки во локалните ресторани откако прелиминарната истрага покажа дека тие се веројатна причина за пожарот, објавува Би-Би-Си.

Пожарот избувна во раните утрински часови на 1 јануари во подрумот на популарен бар кој беше преполн со гости, претежно млади луѓе.

Жртвите беа на возраст меѓу 14 и 39 години, а меѓу повредените имаше најмалку 12 различни националности, од кои 83 се уште се во болница. Трагедијата доведе до кривична истрага против францускиот пар кој го водеше барот, кои се осомничени за убиство од небрежност, телесни повреди од небрежност и палење од небрежност.

Градоначалникот на Кранс-Монтана, Николас Феро, потврди дека барот „Ле Констелашн“ не имал никакви безбедносни проверки, истраги или ревизии во последните пет години.

„Жалиме за ова – им го должиме тоа на семејствата и ќе ја прифатиме одговорноста“, рече Феро.

Тој објасни дека тим од само пет лица ги извршувал проверките во област со повеќе од 10.000 згради, вклучувајќи ресторани и хотели. Градоначалникот нагласи дека властите сакаат да бидат транспарентни „веднаш“ штом ќе го забележат пропустот и дека истражуваат зошто се случил. Најавена е и целосна ревизија на сите згради во областа.

И покрај пропустите, градоначалникот Феро ја отфрли можноста за оставка. „Нема да поднесам оставка, не, и не сакам“, им рече тој на собраните новинари, додавајќи дека „сега не го напуштаме бродот“ и дека тие мора да бидат таму за да им помогнат на жителите.

Феро, исто така, рече дека верува оти „градот Кран-Монтана е исто така жртва во овој случај“, што предизвика критики.

Тој ја префрли одговорноста за пренатрупаноста на барот врз менаџерите на објектот, велејќи дека „од судиите зависи да утврдат кој е одговорен“.

На прашањето зошто не се преземени мерки порано, тој одговори:

„Многу би сакал овие луѓе да дојдат на мојата врата и да кажат дека е прашање „не дали, туку кога“.“

Службениците потврдија дека пенастите звучно изолациони панели на таванот на барот, кои очигледно се запалиле од прскалките, никогаш не биле тестирани за отпорност на пожар.

Инспекторите последен пат беа во објектот во 2015 година за да ја проценат надворешната тераса, но не ја проверија внатрешноста. Соочен со тешки прашања, градоначалникот на крајот од конференцијата рече: „Оваа недела беше многу тешка за мене лично. Засекогаш ќе ја паметам таа ноќ и тагата на сите тие семејства“.

Најнови вести од: Свет

Техеран вели дека џабе се олабавени санкции од САД

Аналитичарите велат дека таквите потези ќе имаат мало влијание врз цените сè додека Ормускиот теснец, клучен канал за околу 20 проценти од светската нафта и течен природен гас, останува затворен. Бесант рече дека привременото укинување на санкциите треба да помогне во ублажување на порастот на цените на нафтата, кои скокнаа за околу 50 проценти на над 100 долари за барел, највисоко од 2022 година, додека САД се подготвуваат за среднорочните избори во ноември.

Привремено укинување на санкции за иранската нафта – САД попушта

Иако мерката е временска и ограничена, таа претставува јасен сигнал дека Вашингтон е подготвен на прагматични отстапки на енергетски план, дури и кон држави под санкции, доколку тоа значи стабилизација на глобалниот пазар и заштита од нов ценовен шок. 

Авиокомпанијата кажа дека ги поскапува летовите

Компанијата, како и неколку европски компании, ги суспендираа летовите до погодените региони до крајот на април, меѓу кои се Ербил и Багдад (Ирак), Тел Авив (Израел), Бејрут (Либан), Ријад и Џеда (Саудиска Арабија) и Абу Даби и Дубаи (ОАЕ).

Благ пад на ценaта на нафтата, на што се должи тоа?!

Војната со Иран, која влегува во третата недела, ги зголеми цените на енергијата и ги зголеми стравувањата од глобална инфлација. Загриженоста за снабдувањето со нафта и гас, исто така, расте, со оглед на тоа што Ормутскиот теснец, клучен воден пат за снабдување со енергија меѓу Иран и Оман, е во голема мера затворен.

Нафтата во Дубаи скокна до небо – се искачи на рекордни 166 долари за барел

Иако глобалното референтно ниво на цените на нафтата растеше побавно отколку во Дубаи или Оман, сепак претрпе силен шок. Од почетокот на војната до среда, цената на нафтата Брент за мај се зголеми за повеќе од 48%. Од почетокот на годината до денес, растот е повеќе од 76%.

To top