Свет

По брутално убиство во Словенија, двајца министри поднесоа оставка

Оставките следат по трагичниот инцидент во Ново Место, каде што 21-годишник до смрт претепа средновечен маж пред бар.

Словенечкиот премиер Роберт Голоб, кој ги прифати оставките на министерка за правда Андреја Катич и министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар.

Оставките следат по трагичниот инцидент во Ново Место, каде што 21-годишник до смрт претепа средновечен маж пред бар.

„Ги прифатив двете оставки“, потврди Голоб по состанокот со министрите.

Откако еден маж во Ново Место почина од тепање, словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар побара вонредна седница на парламентот.

Во исто време, лидерот на СДС Јанез Јанша, исто така, најави барање за седница и протест пред зградата на Народното собрание.

Во ноќта од петок кон сабота, маж беше брутално претепан пред ресторан во Ново Место, а подоцна им подлегна на повредите. Полицијата уапси 21-годишен осомничен

Според неофицијални информации, настаните започнале кога младиот човек го повикал својот татко од клубот „ЛокалПатриот“, тврдејќи дека му се закануваат група луѓе и барајќи од него да дојде да го земе. Таткото, познат угостител, веднаш пристигнал.

Штом излегол од автомобилот, бил нападнат од група мажи, припадници на ромската заедница, и се здобил со сериозни повреди на главата. Брзата помош успеала да го реанимира на местото на настанот, но неговата состојба била исклучително критична и бил однесен во болница. И покрај напорите на лекарите, човекот починал вчера кратко пред 22 часот.

Директорот на полицијата, Дамјан Петрич, потврдил дека напаѓачот, како малолетник, веќе бил регистриран за кривични дела поврзани со насилство.

Се појави и вознемирувачко видео од претепувањето со предупредување…

https://slovenskenovice.delo.si/novice/kronika/doma/ni-za-otroke-pojavil-se-je-sokanten-posnetek-pretepa-v-novem-mestu-video#Echobox=1761481354

 

Најнови вести од: Свет

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

Трамп: Путин по грешка испрати „неколку мали ракети“ во Полска

Трамп изјави дека „не може ништо да стори“ во врска со фактот што полскиот премиер Доналд Туск неодамна јавно изрази револт поради пријателскиот однос на американскиот претседател кон рускиот претседател

To top