Свет

Почна поларната ноќ во Алјаска, Сонцето нема да изгрее во следните 64 дена(ВИДЕО)

Малиот арктички град Уткиагвик (поранешен Бароу) на Алјаска, најсеверната населба во Соединетите Американски Држави, од 19 ноември 2025 година влезе во периодот на поларна ноќ

Малиот арктички град Уткиагвик (поранешен Бароу) на Алјаска, најсеверната населба во Соединетите Американски Држави, од 19 ноември 2025 година влезе во периодот на поларна ноќ: Сонцето целосно исчезна под хоризонтот и нема да се појави следните 64 дена, сè до 22 јануари 2026 година.

Овој феномен се случува секоја година поради наклонот на земјината оска и положбата на Уткиагвик длабоко во рамките на Арктичкиот круг. Иако вистински ден нема да има, градот со околу 4.400 жители не останува во целосен мрак: неколку часа дневно ќе трае т.н. граѓански самрак – мека синкава светлина што наликува на предзорје.

Температурите во овој период драстично паѓаат, а поларната ноќ придонесува за формирање на моќниот поларен вртлог кој понекогаш „пушта“ бранови екстремно студен воздух кон југот на САД.

Жителите на Уткиагвик се навикнати на екстремите: во лето ги дочекува спротивното – речиси три месеци непрекината поларна ден, кога Сонцето не заоѓа. Градот е дом и на најсеверниот средношколски фудбалски тим во Америка – „Бароу Вајлерс“, како и на археолошки локалитети стари над 1.500 години.

Првото сонце по долгиот мрак ќе изгрее на 26 јануари 2026 година, точно во 13:23 часот по локално време, а тој момент традиционално се дочекува со прослави и заеднички собири.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top