Свет

Политико: Путин побарал насамо да се види со Зеленски

Трамп не мора да доаѓа

Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да се види насамо на средба со украинскиот претседател Володоир Зеленски, објави Политико.

Повикувајќи се на извор во администрацијата на Трамп, медиумот објави нови детали од телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин синоќа. Трамп направи пауза на состанокот со Зеленски и со европските лидери за да одржи телефонски разговор со Путин.

Според тој извор, рускиот лидер побарал неговата средба со Зеленски да се одржи еден на еден, без присуство на Трамп.

– Кога Трамп го поканил и му понудил да се сретне со него и со Зеленски, Путин одговорил: „Не мора да доаѓаш, сакам да го видам еден на еден – вели изворот на Политико.

Тимот на Трамп, според изворот, веднаш почнал да работи на тоа, а посебната задача за подготовка на сè му била дадена на советникот на Трамп, Стив Виткоф.

Досега и Трамп и Зеленски изразија подготвеност за трилатерален состанок, но Путин сè уште официјално не го објави тоа. Европските лидери бараат четиристран состанок, односно и претставник на Европа да учествува во  разговорите со Путин.

Најнови вести од: Свет

ЕУ подготвува пакет за пониски цени на горивата

Потребна координација за да се избегне земјите-членки да почнат да ги полнат складиштата за гас во исто време, што би се натпреварувало едни со други и со тоа би ги зголемило цените на гасот, како и да се ослободат резервите на нафта за да се постигне најдобар можен ефект и да се обезбеди дека итни мерки од страна на земјите-членки нема да го нарушат единствениот пазар.

„Плусинфо“: Новиот унгарски лидер Маѓар се развел тивко со сопругата Јудит, ја заклучувал дома, се шетал со нож в рака, таа го обвини за малтретирање кога била бремена!

„Приказната за разводот на Маѓар и Варга експлодираше дури во 2024 година, кога Маѓар го започна својот политички подем. Варга го обвини за семејно насилство и го нарече предавник. Маѓар ги отфрли сите обвинувања како клевета и тврдеше дека Варга е под притисок на власта. Разводот на новиот лидер на Унгарија Петер Маѓар, и поранешната министерка за правда Јудит Варга, со која има три сина, повторно исплива на површина откако Маѓар го собори својот политички татко Виктор Орбан на изборите во Унгарија. По сè што се случуваше за време на нивниот развод, кој Унгарците пред две години го следеа како сапуница, тешко е да се замисли дека Варга синоќа била меѓу оние што му честитале.“ – објави порталот „Плус инфо“

Футуристички пиштол без звук и чад: Кина ја откри новата електромагнетна технологија

Кина официјално го претстави компактното електромагнетно оружје во облик на пиштол, кое е способно да ги онеспособи целите без смртоносна сила кога е потребно, или да ослободи значително поголема моќност доколку ситуацијата го бара тоа.

Најнови вести

To top