Свет

Поради ерупцијата на Етна затворен аеродромот во Катанија

Најдолг прекин на авиосообраќајот на Сицилија од 2002 година

Стотици патници останаа заглавени на Сицилија откако густиот чад и острата вулканска пепел од петдневната ерупција на Етна го блокираа авиосообраќајот и предизвикаа целосно затворање на најголемиот меѓународен аеродром на островот, во Катанија.

Ова е најдолгиот прекин во работата на аеродромот уште од 2002 година, а според последните најави, тој ќе остане затворен најмалку до утре во раните утрински часови. Блокадата се случува во самиот пик на летната туристичка сезона и непосредно пред празников Ферагосто, кога милиони италијански граѓани традиционално патуваат на одмор.

Истражувачот од Националниот институт за геофизика и вулканологија при опсерваторијата на Етна, Борис Бенке, објасни дека острата вулканска пепел претставува сериозна опасност за воздухопловството бидејќи може да ги оштети и задуши авионските мотори. Тој истакна дека оваа активност на Етна е поинаква од претходните.

– Во изминатите неколку децении имаше покуси и посилни ерупции, но оваа е необична поради својата долготрајност и непрекинатото исфрлање пепел – изјави Бенке, додавајќи дека северниот ветер однел помали количини пепел сè до Малта и Северна Африка.

Поради затворањето на пистата во Катанија, која се наоѓа на само 30 километри јужно од вулканот, голем број летови се пренасочуваат кон другите аеродроми на Сицилија. Ова пренасочување предизвика драстично поскапување на такси-услугите и изнајмувањето автомобили, пишува дневниот лист „Кориере дела сера“. Здружението за заштита на потрошувачите „Кодаконс“ веќе најави дека ќе поднесе пријава до италијанското тело за заштита на конкуренцијата поради приговорите за неоправдано зголемување на цените.

Најнови вести од: Свет

„Реформи“ на здравственото осигурување во Германија: поскапување на лековите, болничкиот престој и терапиите!

Во текот на следните две години, осигурениците во системот на задолжително здравствено осигурување (GKV) во Германија ќе се соочат со низа промени,  кои  веројатно ќе ги зголемат нивните лични трошоци за здравствена заштита.

Денес избори во Шведска, на кои е можно да се случи победа и историски влез на крајната десница во владата

Граѓаните на Шведска денеска гласаат на парламентарните избори, на кои левиот и десниот блок влегуваат речиси целосно израмнети со разлика од само 0,3 отсто, а исходот би можел да го донесе првиот историски влез на крајнодесничарските Шведски демократи во владата.

Трамп: Ирска може да се обедини и сега! – Ирски реакции: За иднината на земјата одлучуваат граѓаните, а не странски државници!

Лидерите на унионистичките партии во Северна Ирска упатија низа критики до американскиот претседател Доналд Трамп, откако тој изјави дека „би сакал да види“ обединета Ирска. Тие му порачаа на Трамп дека „за уставната иднина на земјата ја одлучуваат исклучиво нејзините граѓани, а не странски државници“, пренесоа британските медиуми.

АфД поднесе кривична пријава против Мерц по обвинувањата за „етничко чистење“

Германската партија Алтернатива за Германија (АфД) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во говор во парламентот оваа недела ја обвини антиимиграциската партија дека спроведува политика на „етничко чистење“.

To top