Свет

Преседан: Меланија Трамп претседаваше со Советот за безбедност на ОН

Ги повика членовите на Советот за безбедност на ОН да го заштитат учењето и да го промовираат пристапот до образование за сите деца низ целиот свет

 

Првата дама Меланија Трамп претседаваше со состанокот на Советот за безбедност на ОН на тема: децата и образованието во конфликтни ситуации во Њујорк, додека САД продолжуваат со воената акција во Иран, објави Би-Би-Си.

Нејзините забелешки се фокусираа на улогата на образованието за децата во „промовирање на толеранцијата и светскиот мир“.

Ова е прв пат сопругата на светски лидер да претседава со состанокот, кој Меланија Трамп го води во име на САД, откако земјата го презеде ротирачкото претседателство со Советот на ОН овој месец.

Првата дама, исто така, им изрази сочувство на семејствата на загинатите американски војници, иако не спомена конкретно никаква воена акција.

Меланија Трамп ги повика членовите на Советот за безбедност на ОН да го заштитат учењето и да го промовираат пристапот до образование за сите деца низ целиот свет.

Форумот се одржа неколку дена откако САД нападнаа училиште во Иран.

Најнови вести од: Свет

Унгарскиот парламент му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар

Истрага за телефон фрлен во Дунав, сомневања за корупција и политички обвинувања – унгарскиот парламент отвори пат за продолжување на три одделни случаи, но конечниот збор за евентуалната одговорност допрва треба да го дадат надлежните институции

Парлaментот му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар

Парламентарниот имунитет служи за заштита на пратениците од политички прогон, овозможувајќи им слободно да ги извршуваат своите должности и да ги изразуваат своите ставови без страв од апсење или правни постапки од страна на властите

Најнови вести

To top