Свет

Путин: Бесмислица е дека Русија планира напад на НАТО

Идејата дека Русија планира да ја нападне Алијансата е бесмислица која ја шират западните политичари за да ги измамат даночните обврзници да трошат повеќе за одбрана, изјави днска рускиот претседател. Путин рече дека Русија не претставува закана за НАТО и дека не ги смета плановите за вооружување на Алијансата за закана за Русија, но дека […]

Идејата дека Русија планира да ја нападне Алијансата е бесмислица која ја шират западните политичари за да ги измамат даночните обврзници да трошат повеќе за одбрана, изјави днска рускиот претседател.

Путин рече дека Русија не претставува закана за НАТО и дека не ги смета плановите за вооружување на Алијансата за закана за Русија, но дека нивните планови немаат смисла.

„Ние не сметаме дека какво било вооружување на НАТО е закана за Руската Федерација, бидејќи сме самодоволни во однос на безбедноста. Постојано ги подобруваме нашите вооружени сили и нашите одбранбени капацитети“, рече Путин.

Најнови вести од: Свет

Новиот врховен лидер на Иран има тешки повреди на лицето и нозете

Локацијата, состојбата и способноста на Хамнеи да владее сè уште во голема мера остануваат мистерија за јавноста, без објавена фотографија, видео или аудио снимка од него по воздушниот напад и неговото последователно назначување за замена на неговиот татко на 8 март

To top