Свет

Путин му подарил мотоцикл „Урал“ на Алјасканец кој не можел да дојде до резервни делови

Покрај средбата со Трамп во Енкориџ, рускиот претседател нашол време и за американски љубител на руски мотоцикли

Покрај средбата со својот американски колега и домаќин Доналд Трамп во петокот, рускиот претседател Владимир Путин нашол време и на Американец од Алјаска да му подари нов мотоцикл „Урал“.

„Претседателот слушна за Американецот Марк Ворен од Енкориџ. ‘Бајкерот’ возел мотоцикл ‘Урал’ низ Алјаска и се заморил од проблемите со увоз на резервни делови поради санкциите. Путин им наредил на руските дипломати во Америка да му подарат на Американецот сосема нов руски мотоцикл ‘Урал’“, се вели во веста лиферувана во руските медиуми.

Вработен во Амбасадата на Русија во САД му ги предал на Ворен клучевите од мотоциклот на паркингот на хотелот во Енкориџ, во кој била сместена руската делегација.

„Морам да кажам дека ова е личен подарок од претседателот на Руската Федерација“, му рекол рускиот дипломат Андреј Ледењев на шокираниот Ворен.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top