Свет

Путин: Не сме ние тие кои ја започнаа оваа војна(ВИДЕО)

Рускиот претсадетел Владимир Путин се наоѓа во дводневна посета во Индија, и даде големо интервју за „Индија Тудеј“.

Рускиот претсадетел Владимир Путин се наоѓа во дводневна посета во Индија, и даде големо интервју за „Индија Тудеј“.

На почеток порача дека е воодушевен како се среќава со индискиот премиер Нарендра Моди, и кажа дека на програмата се бројни теми за разговори.

Путин го коментираше и американскиот претседател Доналд Трамп.

„Тој има своја програма, свои цели. Неговите одлуки околу војната со царините не дојдоа тукутака. Има советници кои веруваат дека спроведувањето на таквите царински политики во целост се корисни за американската економија“, рече Путин.

Зборуваше и за војната во Украина. На прашањето, што за него би преставувало победа на Русија над Украина, тој одговори.

„Не станува збор за победа, како што рековте. Русија е одлучна и сигурно ќе стори се да ги заштити своите интереси, и да ги заштити своите луѓе кои таму живеат. Не сме ние тие кои ја започнаа оваа војна. Западот ја поттикна Украина и ги поддржуваше случувањата, оркестрирајќи државен удар. Тоа беше точка која ги поттикна случувањата на Крим, а потоа и случувањата на југоистокот во Украина, во Донбас. Нашата специјална воена операција не е почеток на војната, туку завршување на војната која Запад ја запали користејќи ги украинските националисти. Тоа се случува сега“, рече Путин.

Најнови вести од: Свет

Зошто светската енергетска криза ќе трае долго?!

Дури сега светот ќе се соочи со недостиг од нафта, бидејќи Иран во меѓувреме ефикасно го блокираше Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која поминува петтина од светските потреби за нафта, како и големи количини течен природен гас.

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

Најнови вести

To top