Свет

Путин: Со Трамп гледам „светло на крајот од тунелот“

Ги пофали лидерските квалитети на американскиот претседател, нагласувајќи дека ги гледа како „добра гаранција за обновување на односите меѓу Русија и САД“

 

Како „значаен и искрен“рускиот претседател Владимир Путин го коментираше состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска истакнувајќи дека ега е оголем оптимист за односите меѓу Русија и САД.

„Што се однесува до нашите односи со САД, тие се на исклучително ниско ниво, ова го кажав многу пати, но со доаѓањето на претседателот Трамп, мислам дека таа светлина конечно почна да се појавува на крајот од тунелот“, рече Путин.

Тој додаде дека контактите меѓу Москва и Вашингтон продолжуваат на ниво на министерства и компании, а првите преземени чекори треба да бидат почеток на целосно обновување на односите.

„Планираме да го одржиме ова темпо на работа, но резултатот зависи првенствено од западните партнери“, нагласи рускиот претседател.

Путин, исто така, ги пофали лидерските квалитети на Трамп, нагласувајќи дека ги гледа како „добра гаранција за обновување на односите меѓу Русија и САД“.

Најнови вести од: Свет

Сеуште нема потврда од Пентагон: Иран објави дека четири балистички ракети го погодиле USS Abraham Lincoln во Персискиот Залив

Засега нема потврда за директни жртви или штети на USS Abraham Lincoln, но самото тврдење на ИРГК значително ја заострува реториката и ги зголемува ризиците.

To top