Американскиот Сенат следната недела ќе разгледа резолуција со која ќе се ограничи можноста на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, да продолжи со воените операции во Иран, изјави денес Чак Шумер, водечкиот американски демократ во Сенатот.
Сенаторот Шумер, демократ од Њујорк, изјави дека Сенатот ќе ја разгледа резолуцијата за воени овластувања следната недела, откако сенаторите ќе се вратат од двонеделна пауза, објави американскиот весник „Њујорк тајмс“.
Целта е да се ограничи можноста на претседателот Трамп да продолжи со воените операции во Иран.
Зборувајќи на прес-конференција во Њујорк, Шумер ја нарече војната во Иран „една од најлошите воени и надворешно-политички акции што САД некогаш ги презеле“.
Ова е четврти пат откако започна конфликтот пред повеќе од еден месец демократите да го принудат Сенатот да го испита обемот на воените овластувања на републиканскиот претседател Трамп.