Свет

Рози Мицкоска: Младите да ја користат технологијата, да ја разбираат и применуваат

Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска учествува на дводневниот самит „Fostering the Future Together Global Coalition Samit“ во Вашингтон, организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп, на кој учествуваа претставници од 45 држави и над 20 водечки технолошки компании.

Во рамките на самитот, Мицкоска имаше свое обраќање на работната сесија на тема „Safety and Protection online“. Во своето обраќање, Рози Мицкоска посочи дека во Македонија веруваме дека дигиталната писменост мора да започне порано во образовниот процес.

„Нашата цел е младите, не само да ја користат технологијата, туку да ја разбираат, да размислуваат критички за неа и да ја користат за решавање на проблеми од реалниот живот. Клучен чекор во оваа насока е училишната програма на 21 век, имплементирана во партнерство со меѓународните организации и приватниот сектор. Денес, 341 основни училишта и околу 1.900 наставници во нашата држава се дел од оваа иницијатива – истакна, меѓу другото, Мицкоска.

Целта на дводневниот самит „Fostering the Future Together Global Coalition Samit“ во Вашингтон, организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп, на кој учествуваа претставници од 45 држави и над 20 водечки технолошки компании, е да ја зајакне глобалната соработка за подобрување на образованието, технологијата и благосостојбата на децата во услови на дигитална ера.

Оваа иницијатива промовира создавање на партнерства меѓу државите и приватниот сектор, развојот на иновативни образовни програми и користење напредни технологии, како што е вештачката интелигенција, за поддршка на младите.

Целта на работната сесија беше да ги собере првите дами од целиот свет и да се разговара за иновативни начини и стратегии и да се адресираат предизвиците со кои се соочуваат децата и учениците во дигиталната сфера.

После работната сесија, учесниците на самитот, меѓу кои и Мицкоска, присуствуваа и на Tech Expo каде што најпознатите светски компании за напредна технологија презентираа дел од своите производи.

Самитот претставува официјално лансирање на глобална коалиција која има за цел да им помогне на децата ширум светот да стекнат вештини потребни за иднината.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top