Свет

Русија, Кина и Монголија се договорија за „Силата на Сибир 2“ и „Сојуз на Истокот“

Русија, Кина и Монголија денеска потпишаа меморандум за разбирање за изградбата на гасоводот „Силата на Сибир 2“ и транзитниот гасовод „Сојуз на Истокот“ преку Монголија, соопшти главниот извршен директор на Гаспром, Алексеј Милер.

Русија, Кина и Монголија денеска потпишаа меморандум за разбирање за изградбата на гасоводот „Силата на Сибир 2“ и транзитниот гасовод „Сојуз на Истокот“ преку Монголија, соопшти главниот извршен директор на Гаспром, Алексеј Милер.

„Врз основа на јавната изјава дадена од лидерите на трите земји, Русија, Кина и Монголија, денеска е потпишан правно обврзувачки меморандум за изградба на гасоводот „Силата на Сибир 2“ и транзитниот гасовод „Сојуз на Истокот“ преку Монголија,“ изјави тој.

Милер истакна дека овој проект ќе овозможи годишен транспорт на 50 милијарди кубни метри гас од Русија кон Кина преку Монголија.

Трилатерална средба во Пекинг меѓу претседателите на Кина, Русија и Монголија, Си Џинпинг, Владимир Путин и Ухна Хурелсух, резултираше со повик за продлабочување на соработката меѓу трите земји.

„Колку што е меѓународната ситуација понестабилна и покомплицирана, толку повеќе Кина, Русија и Монголија треба да го зајакнат единството и соработката, да ја зголемат меѓусебната поддршка и да ги почитуваат меѓусебните основни интереси и сериозни загрижености,“ рече Си.

Си Џинпинг и Владимир Путин, во рамките на нивните разговори, потврдија дека билатералните односи меѓу Кина и Русија се на исклучително високо ниво.

Сирија вчера извезе 600.000 барели сурова нафта од пристаништето Тартус, што претставува прв официјален извоз на нерафинирана нафта по 14 години, изјави функционер од сирискиот енергетски сектор. Во 2010 година, Сирија произведуваше и пласираше околу 380.000 барели нафта дневно, но граѓанската војна, започната во 2011 година, сериозно ја наруши економијата и нафтената индустрија на земјата.

По соборувањето на режимот на Башар ал-Асад во декември минатата година, новата исламистичка влада објави план за економска обнова. Ријад ал-Џубаси, помошник директор за нафта и гас во Министерството за енергетика, изјави за Ројтерс дека пратката на тешка сурова нафта е продадена на глобалната нафтена трговска компанија „Б Серф Енерџи“.

Поголемиот дел од нафтените полиња во Сирија се наоѓаат во североисточниот дел на земјата, под контрола на курдските сили. Од февруари, тие започнаа транспорт на нафта кон Дамаск, но односите се влошија поради несогласувања околу правата на малцинствата и инклузивноста.

Најнови вести од: Свет

Воениот комитет на НАТО бара драматично забрзување на испораката на оружје

Брзината на испорака на неопходните одбранбени капацитети мора „драматично“ да се зголеми, изјави денеска шефот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, на прес-конференција по состанокот на началниците на одбраната на земјите-членки во седиштето на Алијансата во Брисел

Куба ќе се брани ако биде нападната од САД

Куба ќе го искористи своето право на самоодбрана во случај на напад од страна на Соединетите Американски Држави (САД), објави вчера кубанското Министерство за надворешни работи, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Антикубанската кампања насочена кон оправдување, без никаква паричина, на воен напад врз Куба се интензивира секој час, со сè повеќе неубедливи обвинувања. САД се […]

To top