Свет

Русија ќе го анализира ултиматумот од Трамп

Изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за Русија се многу сериозни

Изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за Русија се многу сериозни, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека на Русија ѝ треба време да ги анализира пораките од Вашингтон.

– Изјавите на претседателот Трамп се сериозни, некои од нив беа упатени лично до претседателот на Русија. Секако ни треба време да ги анализираме – рече Песков, пренесен од руските медиуми.

Тој рече дека Москва е подготвена да го продолжи дијалогот со Киев, додавајќи дека Вашингтон го сака истото, а „наводно, и Европа“.

Додаде дека Путин ќе ги коментира зборовите на Трамп доколку смета дека е потребно.

– Да ја почекаме неговата одлука – рече Песков.

Портпаролот на Кремљ, исто така, изјави дека Москва сè уште не добила никакви сигнали во врска со одржувањето на потенцијалната следна рунда преговори со Киев.

– Тешко е да се каже со што е поврзано, но ние сме подготвени да го продолжиме дијалогот – рече Песков.

Тој оцени дека Киев не ги доживува одлуките донесени во Вашингтон и НАТО како сигнал за мир, туку за продолжување на војната.

Најнови вести од: Свет

АфД поднесе кривична пријава против Мерц по обвинувањата за „етничко чистење“

Германската партија Алтернатива за Германија (АфД) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во говор во парламентот оваа недела ја обвини антиимиграциската партија дека спроведува политика на „етничко чистење“.

Америка одбележува 25 години од нападот врз кулите близначки

Официјалниот број на загинати изнесува 2.977 лица, не сметајќи ги 19-те киднапери. Жртвите биле државјани на 90 земји. Меѓу загинатите имало 343 пожарникари, како и полицајци и припадници на други служби за итни интервенции

За екоцид ќе се лежи доживотно

За најтешките дела на загадување на животната средина, пропишаната казна се движи од минимум 10 години затвор до долготраен затвор или доживотен затвор – казни што се построги од оние предвидени со релевантната европска директива

Русија изгуби сто пати повеќе војници во Украина отколку во Авганистан

Според податоците објавени од Генералштабот на вооружените сили на Украина на 9 септември, загубите во рускиот воен персонал од почетокот на целосната инвазија врз Украина надминаа 1,5 милиони загинати и ранети

To top