Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ретерира од своите категорични ставови до неодамна за перспективите на украинското членство во Алијансата.
„На самитот на НАТО во Вашингтон, на кој беше одбележана 75-годишнината на Алијансата, беше постигнат договор за неповратноста на патот на Украина кон членството во НАТО. Во исто време реалноста е таква што некои земји, вклучувајќи ги Германија, Словачка, Унгарија и САД, засега го одложуваат овој процес. Затоа, не мислам дека прашањето за пристапување е на дневен ред во моментов, во смисла дека таа тема активно се разгледува. Не мислам дека јас лично или ние заедно ќе го решиме тоа прашање во блиска иднина. Тоа е коректната оценка на ситуацијата“, изјави Руте во институтот „Роналд Реган“.