Свет

САД го нападнаа Иран – нова размена на оган

Американскиот претседател Доналд Трамп воопшто не бил убеден дека САД треба воено да возвратат на Иран откако во вторникот беше соборен воен хеликоптер Апачи, но се премислил

Американската војска денеска објави дека ги прекинала нападите врз Иран што ги започна како одговор на соборувањето на американскиот хеликоптер Апачи, а Техеран му порача на Вашингтон дека нивниот одговор нема да изостане.

Американскиот претседател Доналд Трамп воопшто не бил убеден дека САД треба воено да возвратат на Иран откако во вторникот беше соборен воен хеликоптер Апачи, дознава Волстрит џурнал.

Трамп поголемиот дел од денот го минимизираше инцидентот, велејќи им на новинарите дека „не е голема работа“, според WSJ.

Сепак, ситуацијата целосно се сврте по драматичната средба во Белата куќа. Трамп се премислил дури по деталниот брифинг на секретарот за одбрана Пит Хегсет и началникот на Здружениот Генералштаб, генерал Ден Кејн.

Агенцијата Асошиетед прес носи нови детали за авионската несреќа. Според нивни извори, американскиот хеликоптер Апачи се урнал по директен судир со ирански дрон. Иако сè уште не е целосно јасно дали овој судир во воздух бил намерен или случаен, военото и безбедносното раководство го увериле претседателот дека инцидентот, без разлика на позадината, бара итен и силен воен одговор.

Веднаш по тој брифинг, Трамп целосно ги сврте работите. На својата социјална мрежа Truth Social тој објави дека „Иран соборил хеликоптер“ и јавно изјави дека САД „мора да одговорат на овој напад“. Само неколку часа подоцна американски воени авиони и проектили ги бомбардираа иранските позиции.

Министерството за надворешни работи на Иран ги прогласи американските воздушни напади утринава врз Иран за „јасно кршење“ на националниот суверенитет на земјата. Во исто време, Техеран издаде строго предупредување до земјите од Блискиот Исток кои се домаќини на американските сили, велејќи дека тие би можеле да бидат цел доколку се повторат нападите врз Иран.

„Иранските вооружени сили нанесоа голема штета на американските бази и позиции во регионот кои служеа како почетна точка за овие напади“, се вели во официјалното соопштение на Министерството, со директна порака дека Иран „нема да се двоуми да ги нападне самите извори на нападите“.

 

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top