Свет

САД нема да испратат 150.000 копнени трупи во Иран

Ако иранскиот народ сака да се крене и да ја промени својата влада, тоа зависи од нив… вели амаериканскиот потпретседател

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, во средата изјави дека Вашингтон нема да распореди копнени трупи за да постигне промена на режимот во Иран, и покрај притисокот од некои конзервативни политичари, како што е поранешниот потпретседател на САД, Мајк Венс.

„Тие само сакаат воената кампања да трае засекогаш. И тие навистина не можат да дефинираат што се обидуваат да постигнат…

Некои од нив сакаат ние да постигнеме целосна промена во владата на Иран“, вли Венс.

„Ако иранскиот народ сака да се крене и да ја промени својата влада, тоа зависи од нив.

Но, ние нема да испратиме 150.000 копнени трупи за да постигнеме промена на режимот, освен ако луѓето на терен не сакаат да го постигнат тој резултат.

Ние нема да испраќаме трупи по секоја цена“, додаде Џ.Д. Венс.

Потпретседателот на САД истакна дека бомбардирањето на Иран не е доволно и дека е потребна и дипломатија за решавање на конфликтот.

Најнови вести од: Свет

Немири во Хаг по пресудата за водачите на косовската УЧК – неколку демонстранти уапсени (Видео)

Неколку лица се уапсени за време на немирите за време на протестот во Хаг во поддршка на водачите на УЧК кои денеска беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства. Холандската полиција беше принудена да употреби палки, бибер-спреј и водени топови, за да ги контролира демонстрантите, пренесуваат холандските медиуми.

Лаен ја покани Канада да се приклучи кон ЕУ како прва придружна членка

Претседателката на Европската комисија Урсула Лаен нагласи дека Канада и ЕУ мора „итно да ги редефинираат“ своите односи. „Затоа сакам да соработувам со вас за да ја отвориме вратата за Канада да стане првата придружна членка на ЕУ“, му рече таа на канадскиот премиер Марк Карни, кој во моментов води еден вид трговска војна со администрацијата на Трамп.

Како Кина се подготвува за ризикот вештачката интелигенција да избега од човечка контрола?!

Нов технолошки судир меѓу Кина и САД: Во фокусот контролата врз вештачката интелигенција. Но до каде оди човештвото, што се може да се поремети?! Предупредувањата од Антропик“ истражувачите во водечкиот американски развивач на вештачка интелигенција, дека сè помоќните модели би можеле да избегаат од човечка контрола, па дури и да доведат до истребување на човечката раса, го привлекоа вниманието во Кина каде креаторите на политики се подготвуваат за некои од истите ризици, објави „Ројтерс“.

To top