Свет

САД повикуваат на арапска поддршка за иднината на Газа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска ќе им го претстави на арапските и муслиманските лидери предлогот за мир и поствоена управа во Газа, пренесува Аксиос, повикувајќи се на американски и арапски претставници.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска ќе им го претстави на арапските и муслиманските лидери предлогот за мир и поствоена управа во Газа, пренесува Аксиос, повикувајќи се на американски и арапски претставници.

На состанокот во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на ОН, ќе учествуваат претставници на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Египет, Јордан, Турција, Индонезија и Пакистан.

Покрај ослободувањето на заложниците и крајот на конфликтот, Трамп ќе разговара за принципите на израелско повлекување од Газа и поствоена управа без учество на Хамас, со акцент на регионална стабилизација.

САД бараат арапските и муслиманските земји да испратат воени сили за да овозможат израелско повлекување, како и да обезбедат финансиска поддршка за транзицијата и обновата на Газа.

Ова е најконкретниот предлог од Трамп досега, но арапските лидери очекуваат гаранции за спречување на анексија на Западниот брег и крај на војната, додека Израел веќе сигнализира дека некои елементи може да не му се допаднат, особено улогата на Палестина.

Најнови вести од: Свет

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

To top