Свет

САД повторно воведоа санкции на руска нафта

30-дневното олеснување од страна на администрацијата на Трамп, беше насочено кон намалување на глобалните цени на енергијата во услови на криза предизвикана од конфликтот меѓу САД и Иран и блокадата на Ормутскиот теснец

САД повторно воведоа санкции врз руската нафта откако привремено ги укинаа во март 2026 година, при што ослободувањето од ограничувањата истече на 11 април 2026 година.

Ова следеше по краткорочното олеснување од страна на администрацијата на Трамп, насочено кон намалување на глобалните цени на енергијата во услови на криза предизвикана од конфликтот меѓу САД и Иран и блокадата на Ормутскиот теснец.

Привременото укинување на санкциите предизвика силни критики од европските сојузници и поддржувачите на Украина, при што канадскиот премиер Марк Карни и лидерите од Германија и Норвешка јавно го критикуваа потегот.

Украинските власти предупредија дека тоа ќе пренасочи милијарди долари кон воената машинерија на Русија, додека американски пратеници изразија загриженост дека администрацијата ги заобиколи законските барања за известување на Конгресот според Законот за справување со непријателите на Америка преку санкции.

Санкциите на САД врз руската нафта стапија на сила откако истече лиценцата издадена од Министерството за финансии на САД, објави Политико.

Дозволата за трансакции со некои нафта и нафтени производи од Русија важеше еден месец и истече на 11 април.

Според публикацијата, до последен момент не беше јасно дали ќе биде продолжена.

Голем број сенатори го повикаа Трамп да не го стори тоа, потсетувајќи дека за еден месец Русија заработила околу 4 милијарди долари.

Најнови вести од: Свет

Немири во Хаг по пресудата за водачите на косовската УЧК – неколку демонстранти уапсени (Видео)

Неколку лица се уапсени за време на немирите за време на протестот во Хаг во поддршка на водачите на УЧК кои денеска беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства. Холандската полиција беше принудена да употреби палки, бибер-спреј и водени топови, за да ги контролира демонстрантите, пренесуваат холандските медиуми.

Лаен ја покани Канада да се приклучи кон ЕУ како прва придружна членка

Претседателката на Европската комисија Урсула Лаен нагласи дека Канада и ЕУ мора „итно да ги редефинираат“ своите односи. „Затоа сакам да соработувам со вас за да ја отвориме вратата за Канада да стане првата придружна членка на ЕУ“, му рече таа на канадскиот премиер Марк Карни, кој во моментов води еден вид трговска војна со администрацијата на Трамп.

To top