Свет

САД се повлекуваат од УНЕСКО

За време на неговиот прв мандат, Трамп ги повлече САД и од Светската здравствена организација (СЗО) и од Советот за човекови права на ОН

Претседателот Доналд Трамп одлучи да ги повлече Соединетите Американски Држави од УНЕСКО, објави Белата куќа.

САД, практично, по втор пат се повлекуваат од културната агенција на ОН по втор пат.

Трамп претходно ја повлече земјата од УНЕСКО за време на неговиот прв мандат, но САД се вратија во организацијата пред две години за време на претседателството на Џо Бајден.

Овој потег има за цел да ѝ нанесе удар на агенцијата со седиште во Париз, основана по Втората светска војна со цел да го поттикнува светскиот мир и соработката во образованието и науката.

За време на неговиот прв мандат, Трамп ги повлече САД од Светската здравствена организација (СЗО) и од Советот за човекови права на ОН.

Повлекувањето на САД, кое треба да стапи на сила во декември 2026 година, ќе биде удар врз работата на УНЕСКО во образованието, културата и борбата против говорот на омраза.

САД обезбедуваат околу 8% од вкупниот буџет на агенцијата, што го прави финансиското влијание од заминувањето на Вашингтон помалку сериозно отколку за други организации, како што е СЗО, за која САД се убедливо најголемиот финансиски поддржувач, пишува Гардијан

Најнови вести од: Свет

Зошто горивото во Германија е поскапо од остатокот на Европската Унија?!

Цените на горивата растат низ цела Европа поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, но Германија се издвојува со значително повисоки поскапувања од просекот на Европската Унија. Бензинот таму поскапел за околу 5 проценти, што е двојно повеќе од повеќето соседни земји. Главната причина не е само глобалниот раст на цената на нафтата, туку структурата на самата цена во Германија.

Лорд Рикетс до Трамп: НАТО не е за секоја војна што САД ја започнува

Американскиот претседател Доналд Трамп остро ги критикуваше членките на НАТО откако повеќето од нив одбија да се приклучат на предложената поморска коалиција за обезбедување на слободниот проток низ Ормутскиот теснец – стратешкиот теснец низ кој пред ескалацијата на конфликтот минуваше околу 20 отсто од светската нафта.

Мицкоски на Конгрес на Европската народна партија

Од партијата истакнуваат дека присуството на Конгресот ја потврдува определбата на  Македонија за европска интеграција и обезбедува можност за билатерални средби со претседатели, премиери и лидери од семејството на Европската народна партија

To top