Свет

САД за првпат потврдија дека располагаат со воени капацитети во вселената

Присуството образложено како одговор на геополитичките ривали

Американските Вселенски сили за првпат јавно потврдија дека САД имаат распоредено оружени системи во орбитата.

„САД располагаат со оружени системи за контрола на вселената во орбитата, способни да ги заштитат обединетите вооружени сили од непријателски дејствија на противниците“, изјави портпарол на американските Космички сили во соопштение, без да го прецизира видот на оружјето.

Според истиот извор, „контролата на вселената“ ги опфаќа сите мисии насочени кон борбата за контрола на вселенската средина, со употреба на „кинетички и некинетички“ средства способни да влијаат врз воените способности на противникот. Таквите способности, беше посочено, „можат да се користат и за офанзивни и за одбранбени цели“.

Вселенските сили на САД своето воено присуство во земјината орбита го образложуваат како реакција на активностите на двата главни геополитички ривали во вселената.

Кина, според нив, „развива и распоредува вселенски и противвселенски способности во рамките на стратегијата за воена модернизација“, додека Русија „ја смета вселената за бојно поле и верува дека вселенската супериорност ќе биде одлучувачки фактор во идните конфликти“.

Најнови вести од: Свет

Како Кина се подготвува за ризикот вештачката интелигенција да избега од човечка контрола?!

Нов технолошки судир меѓу Кина и САД: Во фокусот контролата врз вештачката интелигенција. Но до каде оди човештвото, што се може да се поремети?! Предупредувањата од Антропик“ истражувачите во водечкиот американски развивач на вештачка интелигенција, дека сè помоќните модели би можеле да избегаат од човечка контрола, па дури и да доведат до истребување на човечката раса, го привлекоа вниманието во Кина каде креаторите на политики се подготвуваат за некои од истите ризици, објави „Ројтерс“.

„Реформи“ на здравственото осигурување во Германија: поскапување на лековите, болничкиот престој и терапиите!

Во текот на следните две години, осигурениците во системот на задолжително здравствено осигурување (GKV) во Германија ќе се соочат со низа промени,  кои  веројатно ќе ги зголемат нивните лични трошоци за здравствена заштита.

To top