Свет

САД забранија влез на пет Европејци обвинети за цензура

Стејт департментот на САД синоќа објави дека воведува забрана за влез во земјата за петмина европски функционери обвинети за организирање напори за притисок врз американските технолошки компании да цензурираат или потиснуваат ставови на американски граѓани.

Стејт департментот на САД синоќа објави дека воведува забрана за влез во земјата за петмина европски функционери обвинети за организирање напори за притисок врз американските технолошки компании да цензурираат или потиснуваат ставови на американски граѓани.

Државниот секретар Марк Рубио не ги именуваше лицата, но истакна дека тие ја прекршиле новата визна политика објавена во мај 2025 година, со која се ограничува влезот на странци одговорни за цензура на заштитениот говор во САД.

Тој ги опиша како „радикални“ активисти и невладини организации „претворени во оружје“.

„Предолго време, идеолозите во Европа водеа организирани напори да ги присилат американските платформи да ги казнуваат американските ставови на кои се спротивставуваат“ – објави Рубио на платформата X.

„Администрацијата на Трамп повеќе нема да ги толерира овие гнасни акти на екстратериторијална цензура“ – додаде тој.

Подоцна, потсекретарката за јавна дипломатија Сара Роџерс во серија објави на социјалните мрежи ги идентификуваше петтемина:

Имран Ахмед, главен извршен директор на Центарот за борба против дигиталната омраза (CCDH);
Џозефин Балон и Ана-Лена фон Ходенберг, лидери на германската организација HateAid;
Тиери Бретон, поранешен комесар на Европската Унија задолжен за дигитални прашања;
Клер Мелфорд, која го води Глобалниот индекс на дезинформации.

Според Стејт департментот, овие лица воделе кампањи за цензура од страна на странски влади против Американци и американски компании, што создава „потенцијално сериозни негативни последици од надворешната политика“ за САД.

Забраната е заснована на Законот за имиграција и националност и е дел од кампањата на администрацијата на Трамп против странското влијание врз онлајн говорот. Таа се спроведува преку визни ограничувања наместо регулативи или санкции за платформи.

Повеќето Европејци патуваат во САД без виза преку Програмата за ослободување од виза, но мораат да пополнат онлајн апликација (ESTA).

Официјални лица изјавија дека администрацијата може да го прошири списокот доколку продолжат слични активности.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top