Свет

Шефицата на американската разузнавачка служба поднесе оставка

Габард го информирала претседателот Доналд Трамп за својата одлука за време на состанок во Овалната канцеларија. Оставката ќе стапи на сила на 30 јуни.

Тулси Габард денеска соопшти дека поднесува оставка од функцијата директорка на Националната разузнавачка служба (DNI) на САД, поради тешката здравствена состојба на нејзиниот сопруг.

Габард го информирала претседателот Доналд Трамп за својата одлука за време на состанок во Овалната канцеларија. Оставката ќе стапи на сила на 30 јуни.

Како главна причина за повлекувањето, Габард ја наведе неодамнешната дијагноза на ретка форма на рак на коските кај нејзиниот сопруг.

„Не можам со мирна совест да го замолам сам да се соочи со оваа борба додека јас продолжувам да ја извршувам оваа тешка и долготрајна работа“, напиша таа во писмото за оставка објавено на платформата „X“.

Во писмото, Габард му изрази длабока благодарност на претседателот Трамп за довербата и можноста да ја води разузнавачката служба во изминатите година и половина.

Претседателот Трамп ја потврди оставката преку објава на својата платформа „Truth Social“, велејќи дека Габард „завршила одлична работа“. Тој додаде дека таа „со право сака да биде покрај сопругот и да му помогне во тежоката битка“. Трамп соопшти дека главниот заменик-директор Арон Лукас ќе ја преземе функцијата како вршител на должноста директор на Националната разузнавачка служба.

Според неофицијални информации, Габард всушност била принудена да ја напушти функцијата. Претходно, Трамп јавно изразуваше несогласување со нејзиниот помирен пристап кон Иран, особено во однос на ограничувањето на иранската нуклеарна програма.

Најнови вести од: Свет

ЕУ почна со забраната за увоз на руски гас преку цевководи

Посебна тужба против регулативите поднесе и швајцарската компанија „Норд стрим 2 АГ“, операторот на гасоводот „Норд стрим 2“. Таа компанија бара одлуката или нејзините клучни одредби да бидат поништени, тврдејќи дека забраната ефикасно ја лишува од можноста да го користи гасоводот за комерцијални цели.

Цената на нафтата паднаа под 80 долари за барел в очи на договорот меѓу САД и Иран

Цените на нафтата на светските пазари паднаа денеска за повеќе од пет отсто, под 80 долари по барел. До оваа ситуација дојде по сигналот дека САД и Иран би можеле веќе оваа седмица да постигнат договор со кој би се овозможил непречен премин на танкерите низ Ормускиот теснец и обнова на извозор на енергенси од регионот на Персискиот залив, пренесе „Трејдинг економикс“.

Трамп: Лага е дека САД му плаќаат на Иран 300 милијарди долари за мир

Претседателот на САД, ги отфрли тврдењата дека Вашингтон му обезбедува финансиска помош на Иран, нарекувајќи ги извештаите за финансирање од САД „лажни вести“ во услови на извештаи за пакет за реконструкција вреден повеќе милијарди долари, објавија Ен-Би-Си њуз и Фајненшнел тајмс.

To top