Свет

Шпанија ќе исплати 20 милиони евра отштета на жртвите од сударот на брзиот воз

Шпанија ќе исплати 20 милиони евра отштета на жртвите од сударот на брзиот воз на 18 јануари во Адамуз, во кој загинаа 45 лица, а повеќе од 150 беа повредени – изјави денеска шпанскиот министер за транспорт Оскар Пуенте.

Семејствата на загинатите ќе добијат по 216.000 евра во рок од најмногу три месеци, сума што се состои од 72.000 евра помош од владата ослободена од данок и аванс од осигурувањето од 72.000 евра – пренесува „Ел Паис“. Како што се наведува, уште 72.000 евра ќе бидат исплатени од задолжителното патничко осигурување на патниците.

– Знаеме дека вообичаените процедури и законски рокови не соодветствуваат секогаш со виталната итност на ваква трагедија, рече Пуенте, додавајќи дека жртвите не можат да си дозволат да чекаат со години за да добијат поддршка. Според него, исплатите за повредените ќе се движат од 2.400 евра до 84.000 евра.

Пуенте е под притисок на јавноста по несреќата во Адамуз и другите инциденти истата недела, вклучувајќи ја и смртта на машиновозач во Каталонија и две други несреќи без смртни случаи – оценува „Ел Паис“. Главната опозициска Народна партија побара негова оставка. Пуенте изјави дека има мирна совест, дека си ја врши работата најдобро што може и дека се труди на граѓаните да им ги соопшти сите достапни информации.

Најнови вести од: Свет

ММФ предупредува: Конфликтот со Иран ја засилува инфлацијата и ги нарушува глобалните синџири на снабдување

Не е веќе прашање дали војната на Блискиот Исток ќе ја погоди светската економија, туку колку длабоко и колку долго. Најновата анализа на Меѓународниот монетарен фонд, објавена на 30 март и потпишана и од главниот економист Пјер-Оливие Гуринша, испраќа една јасна порака: ако кризата во Заливот продолжи да ги нарушува испораките на нафта, гас и ѓубрива, светот ќе се соочи со повисоки цени и побавен раст. Фондот предупредува дека шокот е глобален, но нема да биде еднакво распределен, најсилно ќе ги погоди земјите што зависат од увоз на енергија, сиромашните економии и државите со слаб фискален простор.

Рубио: НАТО ќе мора да се преиспита по војната со Иран

Американскиот државен секретар Марко Рубио остро ги критикуваше Шпанија и дел од другите сојузници во НАТО поради ограничената поддршка во војната против Иран, сугерирајќи дека Вашингтон по завршувањето на конфликтот можеби ќе ја преоцени својата улога во Алијансата.

Рубио за заканите од Иран: Тие се луди религиозни фанатици – Трамп ќе им го спречи сценариото за Хормускиот теснец!

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, ги коментираше растечките тензии со Иран, велејќи дека заканите на Техеран за трајна контрола на Хормускиот теснец и воведување систем за полнење нема да бидат толерирани. „Ова нема да биде дозволено“, рече Рубио, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп има голем број опции на располагање за да спречи такво сценарио.

To top