Свет

Шведска ја откажува помошта за посиромашните земји

Ќе ја прекине помошт за пет земји во наредните години за да ја зголеми поддршката за Украина

 

Скандинавската земја планира постепено да ја укине помошта за Зимбабве, Танзанија, Мозамбик, Либерија и Боливија, изјави министерот за меѓународна развојна соработка и надворешна трговија Бенџамин Дуса.

„Украина е најважниот приоритет на Шведска во надворешната политика и развојот, и затоа владата планира да ја зголеми помошта за Украина на најмалку 10 милијарди круни (910 милиони евра) во 2026 година“, рече Дуса. „Нема тајна машина за печатење пари за развојни цели и парите мора да дојдат од некаде“.

Владата соопшти дека мерките ќе ослободат повеќе од две милијарди круни во текот на следните две години кои би можеле да бидат пренасочени кон Украина, за да се користат во проекти како што е обновата на енергетската инфраструктура на земјата.

Шведска веќе ја намали помошта за повеќе од 10 земји откако сегашната влада ја презеде функцијата во 2022 година, вклучувајќи ги Буркина Фасо и Мали.

Шведска е главен донатор на хуманитарна помош, со буџет од 56 милијарди круни годишно за оваа намена во последните три години.

Најнови вести од: Свет

Нови проценки од „Голдман Сакс“ – Дали следува поевтина нафта?!

Според новите проценки, причините за намалување на прогнозата се поврзани со очекувањата за послаба економска активност во одредени региони, како и со стабилизирање на снабдувањето на пазарот. Дополнително, геополитичките фактори, како и одлуките на големите производители на нафта, продолжуваат да имаат силно влијание врз цените.

Зошто светската енергетска криза ќе трае долго?!

Дури сега светот ќе се соочи со недостиг од нафта, бидејќи Иран во меѓувреме ефикасно го блокираше Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која поминува петтина од светските потреби за нафта, како и големи количини течен природен гас.

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

Најнови вести

To top