Свет

Сијарто за евро-интеграциите : Во ЕУ зборуваат убаво пред Вас – друго зад затворени врати

„Ако беа искрени во намерата да нè примат, немаше да чекаме 20 години“, рече ѓефот на унгарската дипломатија Пертер Сијарто на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски. Тој додаде дека иако Бугарија отворено го попречува европскиот пат на Македонија, тоа не е единствената пречка. „Кога доаѓаат кај вас, зборуваат убаво. […]

„Ако беа искрени во намерата да нè примат, немаше да чекаме 20 години“, рече ѓефот на унгарската дипломатија Пертер Сијарто на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски.

Тој додаде дека иако Бугарија отворено го попречува европскиот пат на Македонија, тоа не е единствената пречка.

„Кога доаѓаат кај вас, зборуваат убаво. Но, кога сме зад затворени врати, веднаш се појавуваат аргументи против проширувањето“, рече Сијарто.

„Ситуацијата е многу потешка – вистинскиот проблем е што државите кои искрено го поддржуваат проширувањето се малцинство во ЕУ“, нагласи Сијарто.

Унгарскиот министер истакна дека Будимпешта вложува напори за забрзување на процесот на интеграција, особено за време на унгарското претседателство со ЕУ, но постојано се соочува со отпор од земји кои, според него, само декларативно го поддржуваат проширувањето.

„Државите кои искрено го поддржуваат проширувањето се малцинство во ЕУ“, рече Сијарто.

Сијарто го критикуваше и односот на Брисел кон Украина, укажувајќи дека нејзиното брзо зачленување се турка по политичка линија, додека земјите од Западен Балкан со децении чекаат.

„Не мислам дека некој со здрав разум може да каже дека Украина е во подобра општа состојба од која било земја од Западен Балкан“, додаде тој.

Според него, евентуалното брзо вклучување на Украина во ЕУ може да предизвика сериозни економски и безбедносни ризици, меѓу кои и влез на организиран криминал, увоз на неквалитетни производи, како и злоупотреба на европските фондови.

Унгарскиот министер посочи и на проблемот со унгарското малцинство во Украина, за кое, според него, постојано се кршат основните човекови права, што е спротивно на европските вредности.

„Додека се ограничуваат правата на малцинствата, се зборува за европски вредности. Тоа е неприфатливо“, рече Сијарто, нагласувајќи дека Унгарија останува цврст поддржувач на интеграцијата на земјите од Западен Балкан, но не и на брзото зачленување на Украина.

 

 

Најнови вести од: Свет

Петмина загинати во пукање во градот Штаде, во северниот дел на Германија

Пет лица загинаа денес при пукање во германскиот град Штаде во Долна Саксонија, соопшти полицијата. – Полицијата потврди дека се приведени двајца осомничени сторители, меѓу кои и наводниот напаѓач

Ватикан ја критикува ЕУ дека ги мери војните со двоен аршин

Европската унија наметнува економски санкции на една земја и испраќа финансиска помош и оружје на друга, но не постапува на ист начин при други, уште потешки воени инвазии со уште посурови последици за цели народи

Трамп го претстави новиот „патриотски пасош“ со својот лик по повод 250-годишнината од независноста на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп претстави ограничено издание на нов американски пасош со негов портрет, издаден по повод 250-годишнината од Декларацијата за независност на САД. „Новиот пасош на Соединетите Американски Држави, кој порачува: „Добредојдовте, но однесувајте се пристојно!“, напиша Трамп на својата општествена мрежа „Општествена вистина“

To top