Свет

Состојба на национална катастрофа во Колумбија по земјотресот од 7,4 степени

Силниот потрес во близина на Сан Хозе дел Палмар досега однесе 111 животи, а 87 лица се повредени

Само три дена откога стана претседател на Колумбија, Абелардо де ла Есприелја денеска се соочи со огромен удар за земјата, земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала, кој досега однесе 111 животи, а 87 лица се повредени, поради што новиот шеф на државата прогласи состојба на национална катастрофа.

„Националната влада ги има распоредено сите свои капацитети за да ги заштити животите, да им помогне на погодените заедници и да испорача помош каде и да е потребна“, рече тој во националното обраќање околу пладне, по прогласувањето на вонредната состојба. „Прв приоритет е спасувањето на луѓето затрупани под урнатините“.

Официјалните лица предупредуваат дека се очекува бројот на жртви дополнително да се зголеми, бидејќи екипите за итни случаи продолжуваат да пребаруваат низ огромната количина урнатини од срушените објекти.

Според Геолошкиот институт на САД, земјотресот се случил на длабочина од 107 км, во близина на Сан Хозе дел Палмар, во Чоко, ретко населена колумбиска провинција на брегот на Пацификот, но се почувствува во поголемите градови низ целата земја.

Земјотресот сериозно ја наруши инфраструктурата, принудувајќи најмалку шест регионални аеродроми да ги прекинат операциите и предизвикувајќи привремено затворање на метрото во Меделин од безбедносни проверки.

Потресите беа силно почувствувани низ целата земја – вклучувајќи го и главниот град Богота, каде што зградите беа евакуирани – како и во соседните Еквадор, Панама и Венецуела.

 

Најнови вести од: Свет

Речиси половина од Германците се за укинување на помошта за Украина

Дури 49 отсто, сакаат да се намали или целосно да се укине помошта за Украина, покажуваат резултатите од анкетата што денеска ги објави агенцијата за истражување на јавното мислење „Југов“, спроведена за германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

To top