Свет

Талибанците „удрија“ по мобилните телефони (ВИДЕО)

Ако некој користи мобилен телефон, неговиот уред ќе биде скршен, а против прекршителот ќе бидат применети законски и шеријатски казни

Талибанските власти наредија сеопфатна забрана за користење паметни телефони од страна на владини службеници, што според некои аналитичари би можело да биде вовед во многу пошироки ограничувања што би се однесувале на целото население.

Според наредбата издадена од талибанските воени судови, забраната требаше да стапи на сила оваа недела. Со неа се забранува употреба на мобилни телефони од страна на „високи и пониски службеници, обични муџахедини и помошен персонал“.

Во видео објавено на интернет, се гледа како талибански службеник ја чита наредбата за забрана директно од својот мобилен телефон, додека во исто врреме друго лице ги крши телефоните.

Во наредбата се наведува: „Ако некој користи мобилен телефон, неговиот уред ќе биде скршен, а против прекршителот ќе бидат применети законски и шеријатски казни“. Се додава дека исклучоци се можни само со писмена дозвола од врховниот талибански лидер Хибатула Ахунџада.

Според извештаи и извори од Авганистан, забраните се спроведуваат на различни начини. Во некои области, тие се однесуваат само на владини службеници, додека во некои градови и провинции се проширени на жени, цивили, здравствени работници, наставници и ученици.

„Голем дел од ова се случува на локално ниво, во зависност од тоа што одлучил секој локален службеник.

Но, исто така е можно дека ова е подготовка за целосна забрана и дека засега само ги тестираат реакциите“, рече аналитичар кој ја следи ситуацијата во Авганистан.

Најнови вести од: Свет

Бугарската „Кралица на трепките“ и нејзиниот соработник пуштени на слобода по затворските казни за шпионажа за Русија

Британските медиуми наведуваат дека двајцата биле ослободени согласно законските правила, по издржување на задолжителниот дел од казната, по што веднаш биле депортирани од Обединетото Кралство.

To top