Свет

Трајче Петковски реизбран за потпретседател на Интернационалната танцова организација (IDO)

На Генералното собрание на Интернационалната танцова организација (IDO), што се одржа во хотелот Шератон во Атлантик Сити, Трајче Петковски од Македонија беше реизбран за потпретседател на IDO, со нов четиригодишен мандат (2025–2029). Ова е негов трет последователен избор на оваа висока функција, со што тој останува дел од највисокото раководство на глобалната танцова федерација. Петковски […]

На Генералното собрание на Интернационалната танцова организација (IDO), што се одржа во хотелот Шератон во Атлантик Сити, Трајче Петковски од Македонија беше реизбран за потпретседател на IDO, со нов четиригодишен мандат (2025–2029). Ова е негов трет последователен избор на оваа висока функција, со што тој останува дел од највисокото раководство на глобалната танцова федерација.

Петковски е претседател на Македонската Асоцијација за Модерни Танци и основач на танцовото студио Break A Leg, најнаградуваното студио за урбани танци во земјата. Со децении е активен во развојот и промоцијата на танцот како уметност и спорт, како на национално, така и на меѓународно ниво.

Неговата улога во IDO е клучна за дигиталната трансформација на организацијата – од засиленото присуство на социјалните мрежи до подигнувањето на продукциското ниво на IDO натпреварите, кои денес се препознатливи по својата енергија, модерен пристап и медиумска видливост.

„Од срце им благодарам на сите делегати и членки за довербата. Благодарение на визијата на претседателот и поддршката од президиумот, заедно со Панче Димов создадовме нови стандарди во продукцијата и комуникацијата, кои станаа синоним за квалитет и инспирација за многумина“, изјави Петковски.

Тој ја истакна и поддршката од семејството, нарекувајќи ја „најважната сила“ зад секој чекор и одлука во изминатите години.

Со продолжување на мандатот, Петковски најавува уште поголема посветеност, креативност и работа во насока на промоција и развој на танцот како уметност, спорт и средство за интеркултурна комуникација.

Најнови вести од: Свет

Ормускиот Теснец ќе биде отворен, но ако Иран наплаќа такса

Техеран тврди дека трајниот мировен договор треба да му дозволи да наплаќа такси за бродовите што минуваат низ теснецот, кои би варирале во зависност од видот на бродот, неговиот товар и преовладувачките услови

Паѓа рејтингот на Мерц, расте популарноста на АФД

Популарноста на германскиот канцелар драстично опадна во неговата прва година на функцијата, при што рекордни 77% од испитаниците во анкетата на INSA рекле дека се незадоволни од неговата работа, што е зголемување од 6 поени во однос на април.

To top