Свет

Трамп: А ние да го активираме членот 5 на НАТО?

Претседателот на САД одговори на критиките од претставници на ЕУ на Светскиот економски форум во Давос

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека НАТО треба да биде „тестирано“ како одговор на нелегалната имиграција на јужната граница на САД и оти за тоа би можеле да се повикаат на Член 5, кој се однесува на принципот на колективна одбрана на алијансата.

„Можеби требаше ние да го тестираме НАТО и да го активираме Член 5, за да може НАТО да дојде тука и да ја заштити нашата јужна граница од понатамошна нелегална имиграција, ослободувајќи многу агенти на граничната патрола за други задачи“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.

Неговите коментари следеа по критиките дека НАТО не стои целосно зад САД, по изјавите на претставници на ЕУ на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, кои го критикуваа обидот на Вашингтон да го купи Гренланд.

„Проблемот со НАТО е што ние би биле со нив 100 проценти, но не сум сигурен дека тие би биле со нас“, рече Трамп од главната говорница во Давос.

Потоа генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, одговори, кажувајќи му на американскиот претседател во лице дека греши, потсетувајќи го на страдањето на Европејците за време на американската војна во Авганистан.

Но, тоа не застана тука, бидејќи Трамп повторно ги критикуваше сојузниците на Америка во НАТО, тврдејќи дека војниците од сојузничките земји „останале малку настрана и малку надвор од фронтовските линии“ за време на 20-годишниот конфликт во Авганистан, повторувајќи во интервју за Фокс њуз дека „не е сигурен“ дека НАТО ќе ги брани САД во случај на напад.

Најнови вести од: Свет

Нов тежок удар врз Иран: Израел го елиминираше командантот одговорен за блокадата на Ормускиот теснец

Тангсири, кој ја предводеше иранската револуционерна морнарица од август 2018 година, се смета за главен архитект на стратегијата за блокада на Ормушкиот теснец.

Израел да купи грчки острови како засолниште на израелскиот народ

Грција има 40 празни острови, кои Израел би можел да гиизнајми на 50 години или да ги купи за „безбедно засолниште за еврејскиот народ во случај на вонредна состојба“ или „засолниште во време на војна“

Рози Мицкоска: Младите да ја користат технологијата, да ја разбираат и применуваат

Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска учествува на дводневниот самит „Fostering the Future Together Global Coalition Samit“ во Вашингтон, организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп, на кој учествуваа претставници од 45 држави и над 20 водечки технолошки компании.

Најнови вести

To top