Свет

Трамп бара ЕУ да воведе 100 насто царини за Индија и Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Европската Унија да воведе царини до 100 проценти за стоки од Кина и Индија

Предлогот има за цел да го принуди рускиот претседател Владимир Путин да ја прекине војната во Украина, изјави за Би-Би-Си извор запознаен со дискусиите.

Барањето, кое првпат го објави „Фајненшл тајмс“, беше упатено за време на состанокот на американски и европски претставници во вторник, на кој беа разгледани начините за зголемување на економскиот притисок врз Русија.

Предлогот доаѓа во време кога Трамп се обидува да посредува во мировен договор меѓу Москва и Киев, а руските напади врз Украина се интензивираат. Трамп, исто така, им рече на новинарите во вторник дека планира да разговара со Путин по телефон оваа недела или почетокот на следната недела.

Инаку, Кина и Индија се клучни купувачи на руска нафта, помагајќи во одржувањето на руската економија. Минатиот месец, САД воведоа царина од 50 проценти на стоки од Индија, што вклучуваше казна од 25 проценти за нивните трансакции со Русија.

Иако ЕУ објави дека ќе ја прекине својата зависност од руските енергетски извори, околу 19 проценти од увезениот природен гас сè уште доаѓа од Русија. Доколку ЕУ воведе царини за Кина и Индија, тоа би претставувало промена во нејзиниот пристап кон изолацијата на Русија, која досега се базираше на санкции, а не на трговски давачки.

Најнови вести од: Свет

Ирански ракетни напади врз јужен Израел, мртви, повредени, урнати објекти – Нетанјаху: Претрпевме многу тешка вечер! (Видео)

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел поминал низ „многу тешка вечер“ по иранските ракетни напади врз јужните градови Арад и Димона. Има има жртви, десетици повредени и значителна материјална штета. Според официјалните информации, во нападот врз Арад загинале најмалку пет лица, а повеќе од 100 се повредени. Забележани се сериозни оштетувања на објекти. На неколку локации избувнале пожари. Во Димона има десетици повредени.

(Фото): Иран објави мапа на цели: „Напад врз нашата енергетска мрежа ќе го потоне регионот во темнина“

Предупредувањето е одговор на заканата на американскиот претседател дека ќе ги погоди иранските електрани доколку во рок од 48 часа целосно не се отвори Ормускиот Теснец. Постројките за десалинизација, кои Иран се заканува дека ќе ги нападне, се клучна инфраструктура за земјите во Персискиот Залив кои во голема мера се зависни од десалинизација – процес на претворање на морската вода во вода за пиење.

Трамп со закана кон Иран: Ако за 48 часа не го отворите Ормутскиот теснец, ќе ви ги уништиме електраните

Претседателот Доналд Трамп се закани дека ќе ги нападне иранските електрани ако државата брзо не го отвори Ормускиот Теснец за комерцијален бродски сообраќај. Преминот на танкерите со нафта и гас беше парализиран пред три недели.

Цената на златото и среброто во слободен пад, на што се должи тоа?!

Цената на златото вчера се намали за 2 проценти и достигна околу 4.570 долари за унца, со што е на пат да го достигне најголемиот неделен пад од 1983 година. Ова се случи откако ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток ги зголеми цените на енергијата нагло и ги поткопа надежите за краткорочно намалување на каматните стапки, објави Трејдинг економикс.

Техеран вели дека џабе се олабавени санкции од САД

Аналитичарите велат дека таквите потези ќе имаат мало влијание врз цените сè додека Ормускиот теснец, клучен канал за околу 20 проценти од светската нафта и течен природен гас, останува затворен. Бесант рече дека привременото укинување на санкциите треба да помогне во ублажување на порастот на цените на нафтата, кои скокнаа за околу 50 проценти на над 100 долари за барел, највисоко од 2022 година, додека САД се подготвуваат за среднорочните избори во ноември.

Привремено укинување на санкции за иранската нафта – САД попушта

Иако мерката е временска и ограничена, таа претставува јасен сигнал дека Вашингтон е подготвен на прагматични отстапки на енергетски план, дури и кон држави под санкции, доколку тоа значи стабилизација на глобалниот пазар и заштита од нов ценовен шок. 

Најнови вести

To top