Свет

Трамп: Без Нобелова за мир, не сум обврзан да размислувам само за мир

Смета дека заслужува Нобеловата награда за мир за, според него, запирање на повеќе од осум војни

Претседателот на САД, во писмо испратено до норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе напиша дека „повеќе не се чувствува обврзан да размислува само за мир“, откако Норвешкиот Нобелов комитет не му ја додели Нобеловата награда за мир.

„Со оглед на тоа што вашата земја одлучи да не ми ја додели Нобеловата награда за мир за запирање на повеќе од осум војни, повеќе не се чувствувам обврзан да размислувам исклучиво за мир, иако тоа секогаш ќе биде доминантно прашање, туку сега можам да размислувам за тоа што е добро и соодветно за Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп.

Според Трамп, Данска го поседува Гренланд само затоа што „брод застанал таму пред триста години“.

Стир претходно рече дека постојано му кажувал на Трамп дека е „добро познато“ дека норвешката влада не одлучува кој ќе ја добие Нобеловата награда за мир.

Нобеловата фондација, која е одговорна за доделување на Нобеловите награди, претходно повтори дека наградата не може да се пренесува или дистрибуира, дури ни симболично.

Во соопштението на веб-страницата на фондацијата се вели дека една од основните мисии на фондацијата е да го заштити достоинството на Нобеловите награди и нивното администрирање. „Фондацијата ја поддржува тестаментот на Алфред Нобел и неговите прописи. Во него се наведува дека наградите ќе им бидат доделени на оние кои „донеле најголема корист за човештвото“ и се наведува кој има право да ја додели секоја награда. Затоа, наградата не може да се пренесува или дистрибуира, дури ни симболично“, се вели во соопштението.

Фондацијата го објави ова откако добитничката на Нобеловата награда за мир и лидерка на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, му ја врачи наградата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Мачадо му ја подари нејзината Нобелова награда на Трамп

 

Најнови вести од: Свет

Привремениот совет пред одлука: Дали Иран ќе се откаже од фатвата на Хаменеи во време на војна?

Смртта на врховниот водач на Иран, ајатолах Али Хаменеи, во превентивните удари на Израел и САД врз Техеран, ја отвора вратата за потенцијална промена во иранската нуклеарна политика.

Кој ќе го наследи Хаменеи?: Формиран привремен совет, во меѓувреме Багдад гори во антиамерикански протести

Иран влегува во длабока политичка криза по потврдената смрт на врховниот водач ајатолах Али Хаменеи, убиен во заедничкиот превентивен напад на Израел и САД врз Техеран вчера.

Потврдена смртта на Хамнеи: 40-дневен период на жалост во Иран

Иранските државни медиуми потврдија дека врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи (86 години), е убиен во својата канцеларија во заедничките американско-израелски напади врз Иран, пренесува Ал Џезира и други меѓународни извори.

To top