Американскиот претседател Доналд Трамп со уште една директна порака до Иран во пресрет на утрешниот старт на преговорите во Исламабад.
„Иранците се чини дека не сфаќаат дека немаат карти освен краткорочно уценување на светот со користење на меѓународни бродски линии. Единствената причина зошто се живи денес е да преговараат“, порача Трамп преку социјалните мрежи.
Според него, Иран „нема карти“ освен краткорочно уценување на светот со блокирање меѓународни бродски линии, заканувајќи се со нови, уште пожестоки удари ако нема договор во наредните 24 часа.
За „Њујорк пост“ тој изјави дека американските воени бродови се преполнуваат со најсовремено оружје како подготовка за продолжен напад врз Иран доколку мировните преговори во Пакистан не успеат.
„Подготвени сме за нов почеток. Ги товараме бродовите со најдоброто оружје произведено некогаш – дури и подобро од она што го користевме за да ги уништиме претходно“, рече Трамп. „Ги полниме со најсовремено оружје некогаш создадено. Ако не постигнеме договор, ќе го употребиме – и тоа многу ефикасно“.