Свет

Трамп го блокира новиот пакет санкции и царини кон Русија

Претседателот на САД со уредба привремено ги замрзна мерките од „Законот на Линдзи Греам“, кои требаше да стапат во сила утре

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба за запирање и привремено укинување на новиот пакет санкции и царини кон Русија, кои требаше да стапат во сила на 18 октомври 2026 година.

Потегот следува по неговиот телефонски разговор со својот руски колега Владимир Путин на 9 октомври, кога беше договорено САД и глобалниот пазар на нафта одново да се снабдуваат со дизел од Русија во обид да се намалат цените на горивата што влијаеја врз растот на инфлацијата и во најразвиениет земји.

Со претседателска уредба, Трамп ги блокира потенцијалните царини до 100 отсто за увозниците на руска нафта. Ова ги опфаќа и мерките содржани во претходно предложениот „Закон на Линдзи Греам“, американски сенатор и еден од најгласните поддржувачи на Украина во војната против Русија, кој почина во јули.

Лидерите на Европската унија во официјалните заклучоци од самитот на Европскиот совет во Брисел изразија жалење за ваквата одлука на Вашингтон, истовремено порачувајќи дека ЕУ нема да ги укинува своите санкции кон Москва сè додека Русија целосно не ја прекине војната, посочувајќи дека таа веќе го прекршила претходното енергетско примирје.

Најнови вести од: Свет

Родители во САД го тужат Гугл: „Нашата 13-годишна ќерка Ема планираше самоубиство со помош на вештачка интелигенција!“

Родители на 13-годишно девојче го тужат Гугл, тврдејќи дека нивната ќерка ја користеше технологијата за вештачка интелигенција на компанијата, преку училиштен компјутер, за да испланира самоубиство и сопствен погреб. Тужбата, поднесена во понеделникот, на 2 ноември, пред суд во Калифорнија, се смета за прв случај во кој Гугл се обвинува за невнимание во врска со функциите за пребарување базирани на вештачка интелигенција, кои се достапни на училишните уреди „Chromebook“, пишува Euronews.

To top